Вести
ИТФ Школо за Тениски Судии (Национално Ниво)  01-04-2019
 

Ве известуваме дека во периодот од 18-21.04.2019 година ќе се организира  ИТФ Школо за Тениски Судии (Национално Ниво).

 

Сите заинтересирани кандидати да го пријават своето учество доставувајќи ни ги следните информации на електронска пошта на: mtf@unet.com.mk.

 

Информации за кандидатот кој се пријавува за учество:

1.  Име и презиме

2.  Дата на раѓање

3.  Образование, вид и степен,

4.  Тениско искуство (како играч, тренер, тениски судија)

5.  Контакт телефон (мобилен)

6.  Е-маил адреса

Котизацијата за учество на курсот е 3.300,00 (три илјади и триста денари).

 

Бројот на учесници е ограничен (максимум 25 кандидати) пријавата за учество е до СРЕДА  10.04.2019 година задолжително на е-маил: mtf@unet.com.mk.

 

Избраните кандидати пред почетокот на курсот ќе мораат да ја уплатат целосно котизацијата за учество на жиро сметка на МТФ: 370011100031389, банка депоненет Еуростандард банка Скопје, со цел на дознака котизација за учество на  ИТФ Школо за Тениски Судии (Национално Ниво) .

Избраните кандидати ќе бидат известени од страна на МТФ во Четврток 11.04.2019 година.

Сите учесници ќе добијат ИТФ Сертификат за Учество, а успешните кандидати ќе се здобијат со Право на работа на Турнирите (Домашни и Меѓународни), како Главни Судии-Делегати, Судии на стол и Линиски Судии.

Локален Организатор на ИТФ Школото ќе биде Антонио Радојничк,иќ а Предавач за ИТФ ќе биде Зоран Марков.

За сите доплнителни информации контактирајте го Антонио Радојничкиќ 071 362 857.

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup