Тренерски комитет

Одлуки ТФСМ 2022

Листа на лиценцирани тренери во 2021/2022

2021
Препознавање на системот на едукација за тениски тренери





ЛИЦЕНЦИРАНИ ТРЕНЕРИ во 2020 ГОДИНА 

 

Контакт

ТЕНИСКА ФЕДЕРАЦИЈА на СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ул: Митрополит Теодосиј гологанов број 149/2 - локал 3
1000 СКОПЈЕ
тел/факс: +389 2 3229 687
Е-маил:
contact@tfsm.mk


ЕВРОПСКА ТРЕНЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА 19-23.10.2016 година - линк за преземање на комплетните презентации ТУКА.


20та Јубилејна Конференција за тренери во Оточец, Словенија
Во периодот 5-6 Декември 2015 се одржа 20та Јубилејна Конференција за тренери во Оточец, Словенија организирана од Тренерската комисија при Словенската тениска асоцијација. Темата на конференцијата беше: "Успех на тенисерите од поранешните ЈУ републики".

На конференцијата учество зема и нашиот тренер Горан Шевченко кој воедно беше и презентер на конференцијата со темата "На пат со непознати играчи" искуство од 10 годишната работа со ИТФ Тимовите. 

Покрај нашиот тренер на конференцијата предаваа и: Никола Пилиќ (ХРВ), Бајо Фричќиќ (ХРВ), Алеш Филипчиќ (СЛО), Хрвоје Змајиќ (ХРВ), Душан Милојковиќ (СРБ), Златко Шоше (БИХ), Марко Пор (СЛО), Томаж Менцингер (СЛО), Томаж Берендиж (СЛО) и Богдан Јанша (СЛО).

Презентацијата која ја имаше Шевченко можете да ја симнете на следниот линк



ЕВРОПСКА ТРЕНЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА, ТАЛИН ЕСТОНИЈА - 2014
Корисни презентации од тренерската конференција која се одржа во Талин, Естонија

Информација за Европскиот семинар за тренери во организација на Тенис Европа и Естонска Тениска Федерација


КУРС ЗА ЕДУКАЦИЈА НА ДИРЕКТОРИ НА ЕДУКАЦИЈА, 8-11 СЕПТЕМВРИ 2014
Презентација од Курсот за Диреkтори на едукација од Националните федерации на ИТФ и Олимписката солидарност, 8-11 Септември 2014, Валенсија, Шпанија



КУРС НИВО 1 2014 година
1 дел- МОДУЛ 1



Во периодот од 01 до 04 јули на терените на тенискиот клуб Југ-Скопје се одржа Модул 1 од курсот за тренерска едукација од Ниво 1 на Македонската тениска Федерација. На курсот учество земаа 26 тренери, а предавач на курсот е Горан Шевченко.


Тренерскиот комитет при МТФ дава објава за неколку настани кои ќе се случат следните 3 месеци. Подолу се комплетните информации, доколку имате дополнителни прашања Ве молам да ме контактирате(goransev@yahoo.com)


- Овогодинешниот симпозиум ќе се одржи во Хелсинки, Финска од 24 до 28 Октомври
- Како атачмент го имате официјалниот документ за Симпозиумот, бр. 1
- Сите заинтересирани можат да се пријават до 12 Септември 2012 на goransev@yahoo.com
- За дополнителни информации Ве молам да ме контактирате на мојот е-маил

СОСТАНОК НА ТРЕНЕРСКИОТ КОМИТЕТ
Состанокот ќе се одржи на ден 5 Септември во 12 часот, ТК ЈУГ Скопје
На состанокот ќе се разговара за:
- Престојниот семинар кој ке се одржи од 13 до 16 Септември 2012, информација за овој семинар во текстот подолу
- Информација за Спортската гимназија која ке започне со работа на 1 Септември 2012
- Престојниот курс за тренери од Ниво 1 во месец Ноември 2012
- Правилник за Тениски тренери
- Донесување заклучоци и закажување следен состанок

- Семинарот ке се одржи од 13 до 16 Септември 2012 во ТК ЈУГ Скопје
- Семинарот е како продолжение на досегашната едукација во склоп на проектот Тенис под 10 години
- На семинарот имаат право да учествуваат сите тренери кои работат во клубовите, минимум еден преставник. Бројката не е ограничена- Тема на семинарот ќе биде: Преод од Зелен на регуларен терен (10 кон 12 години), проблеми и решенија (како аттачмет ја имате програмата за Семинарот бр.2 и пријавниот лист бр.3)
- Семинарот ќе го води ИТФ експертот Проф. Др. Алеш Филипчиќ (неговата кратка биографија ќе ви ја проследиме за кратко)
- Семинарот ќе биде на Српско/хрватски јазик

- Семинарот ќе се одржи од 10 до 11 Ноември во Оточец, Словенија
- Семинарот ќе го води Иво Ван Акен од Белгија
- Подетални информации во атачментот бр. 5
- Сите заинтересирани да се пријават до 10 Септември 2012 на goransev@yahoo.com
- За дополнителни информации Ве молам да ме контактирате на мојот е-маил

За се понатаму Ве молам да ме контактирате.

Со почит,
Горан Шевченко
Тренерски комитет - Претседател


 Резултати од тестирање -прва селекција за спортска гимназија

 Состанок Тренерски Комитет 25,04,2012 година
 КОНКУРС- за стручни лица кои ќе работат во Националната Спортска Гимназија на Република Македонија


Презентацијата на Европскиот симпозиум одржан 2011 можете да ја симнете
тука


Горан Шевченко еден од предавачите на 17th ITF Worldwide Coaches Conference by BNP Paribas кој ќе се одржи во Port Ghalib, Egypt, во периодот од 20 – 24 Ноември 2011

Горан Шевченко се престави со темата “Работа со ИТФ Тимовите - Развој на области за изградба на идни квалитетни играчи”.  Презентацијата можете да ја симнете тука.

На 17 ИТФ Светска тренерска конференција учествуваат и тројца Македонски тренери


Слободан Бачварски-Боби во посета ”Bromley Tennis Centre” 

Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup