организациона шема

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА НА ТФСМ

Тениската федерација на Северна Македонија е спортско здружение во рамките на кое граѓаните и организациите преку своите клубови ги остваруваат и усогласуваат поединечните со општите и заедничките интереси во омасовување и развојот на тенискиот спорт.

ТФСМ-Скопје е единствен застапник на интересите на тенисерите кои настапуваат на тениските натпревари надвор од Република Северна Македонија.

Членки на ТФСМ-Скопје се тениските клубови и други правни лица што вршат дејност спорт во Република Северна Македонија.

Одлука за промена на
СТАТУТ НА ТФСМ- 23.07.2019 година, страна: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7,8, 9, 10  и 11.

Органи на ТФСМ се:
Собрание - Собранието е највисок орган на МТФ. Собранието го сочинуваат по еден делегат од клубовите, членки на ТФСМ-Скопје.

Претседател- Г-дин Александар Ивановски, Претседателот на ТФСМ едновремено е и претседател на Управниот одбор.

Управен одбор - е извршен орган на Собранието, составен од 7 (седум) члена, вклучувајќи го и претседателот на ТФСМ кој е воедно и претседател на Управниот одбор. Управниот одбор за својата работа одговара пред Собранието.


Надзорен одбор - го следи севкупното работење на ТФСМ, составен од 3 (три) члена, вклучувајќи го и претседателот на НО на ТФСМ

Подпретседател - Г-дин Горан Рафајловски, Седниците на Управниот одбор ги свикува и со нив раководи претседателот. Во случај на отсуство на претседателот него го заменува потпретседателот.



ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА НА МТФ 2019-2023
Во рамките на ТФСМ функционираат и извршни тела чие севкупно работење го следи Управниот одбор на ТФСМ. Извршните тела  се:

Дисциплинска Комисија
-  го следи севкупното работење, и поведува дисциплинска постапка кон сите членки на ТФСМ и членките на клубовите кои се членови на ТФСМ, тениските организации и екипи, играчите, родителите на играчите и останатите лица кои го придружуваат играчот, тениските функционери (Делегати, судии, организатори, водачи на пат, капитени, тренери и други службени лица),  за прекршоци направени за време на натпреварите или во врска со натпреварите и тоа: 
Натпревари на тениските репрезентации, Државните првенства, Отворените првенства, Екипните првенства, Лига и куп натпреварите, Меѓународните поединечни и екипни натпревари во организација на ТФСМ, Натпревари во странство

Генерален Секретар - Генералниот секретар на ТФСМ го именува Управниот одбор за време од 4 (четири) години. Правата, обврски и одговорности на Генералниот секретар се регулираат со посебен договор во согласност со законските прописи, овој Статут и нормативните акти на ТФСМ. Генералниот секретар за својата работа одговара пред Управниот одбор.

Судиско-натпреварувачки Комитет - Антонио Радојничкиќ 0038971362857

Државен селектор
- Горан Шевченко 0038970233243

Тренерски Комитет
- Глигор Санев- 0038975351118

Машки Комитет
1. Дејвис Куп Селектор- Чедомир Јовановски ++4917629963794

Женски Комитет
1. Фед Куп Селектор Димитар Лабудовиќ 0038970388394

Јуниорски Комитет

Комитет за развој  


Ветерански Комитет                                           


ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА НА МТФ 2011-2019

Македонската тениска федерација е спортско здружение во рамките на кое граѓаните и организациите преку своите клубови ги остваруваат и усогласуваат поединечните со општите и заедничките интереси во омасовување и развојот на тенискиот спорт.

МТФ е единствен застапник на интересите на тенисерите кои настапуваат на тениските натпревари надвор од Република Македонија.

Членки на МТФ се тениските клубови и други правни лица што вршат дејност спорт во Република Македонија.

Органи на МТФ се:
Собрание - Собранието е највисок орган на МТФ. Собранието го сочинуваат по еден делегат од клубовите, членки на МТФ.

Претседател -
Г-дин Жарко Луковски, Претседателот на МТФ едновремено е и претседател на Управниот одбор.

Управен одбор - е извршен орган на Собранието, составен од 11 (единаесет) члена, вклучувајќи го и претседателот на МТФ кој е воедно и претседател на Управниот одбор.

Надзорен одбор - го следи севкупното работење на МТФ, составен од 3 (три) члена, вклучувајќи го и претседателот

Во рамките на МТФ функционираат и извршни тела чие севкупно работење го следи Управниот одбор на МТФ. Извршните тела  се:
- Комитет за професионален и јуниорски тенис (Државен селектор)
- Судиско-натпреварувачки Комитет
- Тренерски Комитет
- Комитет за развој
- Ветерански Комитет

 

Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup