МАКЕДОНСКАТА ТЕНИСКА ФЕДЕРАЦИЈА
Тенисот како спорт за прв пат бил заигран од страна на Англиските офицери во градот на конзулите-Битола во далечната 1899 година, една година по одигрувањето на првиот Вимбледон турнир, а првиот тениски клуб бил изграден во 1935 година.
Во рамките на поранешна Југославија, првиот официјален турнир е организиран во 1950 година, а за прв пат е формиран Тенискиот Сојуз на Македонија во 1953 година.
За време на поранешна Југославија, Македонија била домаќин на многу меѓународни натпревари како: Галеа Kуп, Кинг’с Kуп, Давис Kуп, и многу други тениски настани. Со осамостојувањето на Македонија, се формира комплетно независна Македонската Тениска Асоцијација на 25 Февруари 1993 година.
На 06 Април 1994 година стана членка на Европската Тенска Асоцијација, а на 17 Септември 1994 година и член на Интернационалната Тениска Федерација.
Од самото осамостојување Македонската Тенска Федерација, за краток период успеа успешно да организира многу тениски професионални турнири, како Давис Куп, АТП Challenger, Машки и Женски Сателити, Европски и Светски Јуниорски турнири како и ИТФ/ТЕ Девелопмент Шампионати кои се организираат за најдобрите тенисери-јуниори од Источна Европа во категориите на јуниори до 14 години и до 16 години.
|