Ве известуваме дека во периодот од 18-21.04.2019 година ќе се организира ИТФ Школо за Тениски Судии (Национално Ниво).
Сите заинтересирани кандидати да го пријават своето учество доставувајќи ни ги следните информации на електронска пошта на: mtf@unet.com.mk.
Информации за кандидатот кој се пријавува за учество:
1. Име и презиме
2. Дата на раѓање
3. Образование, вид и степен,
4. Тениско искуство (како играч, тренер, тениски судија)
5. Контакт телефон (мобилен)
6. Е-маил адреса
Котизацијата за учество на курсот е 3.300,00 (три илјади и триста денари).
Бројот на учесници е ограничен (максимум 25 кандидати) пријавата за учество е до СРЕДА 10.04.2019 година задолжително на е-маил: mtf@unet.com.mk.
Избраните кандидати пред почетокот на курсот ќе мораат да ја уплатат целосно котизацијата за учество на жиро сметка на МТФ: 370011100031389, банка депоненет Еуростандард банка Скопје, со цел на дознака котизација за учество на ИТФ Школо за Тениски Судии (Национално Ниво) .
Избраните кандидати ќе бидат известени од страна на МТФ во Четврток 11.04.2019 година.
Сите учесници ќе добијат ИТФ Сертификат за Учество, а успешните кандидати ќе се здобијат со Право на работа на Турнирите (Домашни и Меѓународни), како Главни Судии-Делегати, Судии на стол и Линиски Судии.
Локален Организатор на ИТФ Школото ќе биде Антонио Радојничк,иќ а Предавач за ИТФ ќе биде Зоран Марков.
За сите доплнителни информации контактирајте го Антонио Радојничкиќ 071 362 857.
|