|
Вести |
ИТФ УПАТСТВО ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТЕНИСОТ |
15-05-2020 |
|
ИТФ УПАТСТВО ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТЕНИСОТ Враќање на Тенисот во редовната програма
Вовед Пандемијата на вирусот КОВИД 19 имаше и има големо влијание и врз тенисот. Забраните за движење, наметнати од официјалните институции, резултираа со откажување на меѓународните натпреварувања. Кога ќе дојде време, да се ублажат пропишаните здравствени ограничувања, повторно ќе биде можно да се организираат спортски натпреварувања, но само со почитување и примена на посебен режим и правила за хигиена, во некои случаи и без присуство на публиката.
Целта на овој документ е да ги укаже упатствата, минималните стандарди и препораки што треба да се спроведат и почитуваат за време на организирање и одржување на тениски натпреварувања. Упатството е изготвено во согласност со препораките на СЗО (Светската здравствена организација) за организирање на спортски натпревари а придонесдаде и претседателот на Комисијата за спортска наука и медицина при ИТФ. Овој документ не е замена, туку претставува дополнување на постојните правила и прописи за организирање на настани и натпреварувања на ИТФ.
За подетални информации текстот преземете го тука. Оргиналниот текст преземет готука.
|
Назад |
|
|
|
|
|