Вести
Три меѓународни тениски турнири следниве 30 дена во Скопје  06-06-2022
Три меѓународни тениски турнири следниве 30 дена во Скопје

Во Скопје месеците јуни и јули ќе бидат во знакот на професионалниот тенис. Повеќе од 100 професионални тенисери од целиот свет, ќе учествуваат на три интернационални ИТФ тениски натпревари кои ќе се одржат во македонската престолнина.

Тениската федерација на Северна Македонија ќе биде организатор на професионален турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари во период 6 – 12 јуни и професионален турнир за мажи со награден фонд од 15.000 долари во период од 13 до 19 јуни, двата турнири се од календарот на ITF World Tennis Tour.

Во период од 4-10 јули ќе се одржи и Светското екипно првенство за Жени “Billie Jean King Cup” за регион Европа и Африка, група 3.

Натпреварите ќе се одржуваат на терените на тенискиот клуб Југ.

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup