Вести
ИТФ 17та Светска конференција за тренери, спонзорирана од БНП Парибас 2011  28-11-2011
 

ИТФ 17та Светска конференција за тренери, спонзорирана од БНП Парибас 2011

Од 20 до 24 Ноември 2011 во ресортот Порт Галиб, Египет се одржа 17та ИТФ Светска конференција за тренери спонзорирана од БНП Парибас 2011. На конференцијата учествуваа повеќе од 500 тренери од целиот свет кои ги следеа најновите достигнувања презентирани од преку 100 предавачи.

Тема на конференцијате беше: “Долгорочен Развој на елитни играчи”.

На конференцијата учествуваа и три наши тренери (Дејан Маринковиќ, Чедомир Јовановски и Горан Шевченко) кои имаа можност да ги слушнат најновите достигнувања во тенисот но и да ги споделат своите идеи и искуства со високо квалитетни тренери од целиот свет.

За прв пат од Македонија на ова конференција тема имаше еден наш тренер. Горан Шевченко се престави со темата “Работа со ИТФ Тимовите - Развој на области за изградба на идни квалитетни играчи”.

Со ова се продолжи со праксата наши тренери да учествуваат на Меѓународни конференции со цел да допринесат во развојот на тенисот во Македонија. Едукацијата на стручен кадар е важна за сите вклучени во развојот на тенисерите а е најважна за самите тенисери.

Тренерски комитет,

25 Ноември 2011

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup