Вести
Инфо во врска со одложување на ОПСМ 14  01-07-2021
Почитувани,

 

Врз основа на пишувањата на одредени родителите на социјалните мрежи, кои го изразуваат своето негодување по повод одложувањето на ОПМ за Јуниори и Јуниорки до 14 години, кое требаше да се оддржи од 03-05.07.2021 година во Кавадарци, ТК Црна Река, подолу во текстот Ви го доставуваме следново известување.

Имено согласно Календарот за Натпреварување на ТФСМ , во горенаведената дата беше планирано  оддржување на ОПМ за Јуниори и Јуниорки до 14 години, од 03-05.07.2021 година во Кавадарци во организација на ТК Црна Река. Неделата која помина и неделата која е во тек, како што сите тоа го чуствуваме е со зголемени температури, високо UV зрачење, портокалова фаза,  со што и Државните здравствени авторитети издадоа препорака да во периодот од 11 до 05 часот  се избегнува изложување на сонце, а се со спречување на несакани последици по здравјето на  населението.

Поради оваа причина, топло време со високи дневни температури , портокалова фаза, како и  отсаство на голем број на играчи поради годишен одмор, во Неделата 27.06.2021 година, добив порака од Јуниорскиот Селектор, Предраг Русевски со барање Турнирот да се одложи за некое време, некој ден понатака или следен викенд.

Наредниот ден утрото Понеделник за ова барање разговарав со одговорното лице на ТК Црна Река, Златко Блажевски при што истиот се сложи и истиот ден ОПМ за Јуниори и Јуниорки до 14 години се одложи на неодредено време, за што веднаш по пат на емаил беа известени сите Тениски Клубови, тренери и сл.

Напоменувам дека Натпреварувачко-Судискиот Комитет на ТФСМ, е во непосредна комуникација и соработка со останатите Комитети на ТФСМ надлежни за помладите категории и конкуренции , а особено со Јуниорскиот Комитет и Комитетот за Развој, и истиот ги реализира нивните барања, сугестии, препораки, меѓудругото и  ова барање за одложување на ова ОПМ.

Поздрав,

Натпреварувачко-Судиски Комитет на ТФСМ
Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup