Во програмата на Тениската Федерација на Северна Македонија преку Јуниорскиот комитет е планиран Тренинг камп за најдобрите тенисери до 12 и 14 години кој е подржан и од Интернационалната Тениска Федерација (ITF) и Tennis Europe.
Идејата за кампот е во овој тежок период да се обидеме најдобрите играчи да ги донесеме на едно место како би можеле да тренираат со најдобрите, подигнување на националниот екипен дух како и запознавање со моменталната форма на играчите е креирање на план за следниот период.
Кампот се планира да се организира во Тенискиот клуб “Југ” во периодот од 12 до 16 Октомври 2020 година непосредно пред Мастерсот до 14 години.
Тема на кампот ќе биде: Офанзивна игра од основна линија и прилагодување на игра на мрежа.
|