|
Вести |
Зимско Отворено првенство на Македонија за Ветерани |
04-03-2015 |
|
Македонската Тениска Федерација, заедно со новиот клуб Теннис клуб Парк Скопје-Скопје, за прв пат во историјата на македонскиот тенис ке организира Зимско Отворено првенство на Македонија за Ветерани.
Затоа ја имаме честа во име на Македонската Тениска Федерација и Теннис клуб Парк Скопје-Скопје да Ве поканиме да учествувате на Зимско првенство на Македонија во Тенис во конкуренција за Ветерани 30+, 50+,поединечно, кое ќе се одржи во организација на ТК Тенис Парк Скопје, од 14.03.2015 година. Ќе ни биде особено драго ако и Вашите членови земат учество на ова Зимско Отворено првенство.
Официјалните пропозиции за турнирот можете да ги преземете тука.
НАПОМЕНА: Сите пријавени натпреварувачи се должни да ја уплатат годишната регистрација кон МТФ за 2015 година, во износ од 800 денари, ЗАДОЛЖИТЕЛНО на жиро сметка на МТФ: 370011100031389, банка депонент Еуростандард банка, Копија од уплатата да се презентира на Делегатот на турнирот. Воедно Ве потсетуваме дека право на настап ќе имаат само играчите со уреден лекарски преглед кој не е постар од 6 месеци. ЛЕКАРСКИОТ ПРЕГЕД ВЕ МОЛИМЕ ДА ИМ ГИ ДОСТАВИТЕ НА ВАШИТЕ МАТИЧНИ КЛУБОВИ и КОПИЈА СКЕНИРАНА ДО МТФ
Пријавување: Среда , 11.03.2015 година на Е-маил: мтфЖунет.цом.мк. Комплетната ЛИСТА на УЧЕСНИЦИ ќе биде објавена во Петок 13.03.2015 до 11,00 на www.mtftennis.mk
Пријавнина: 800,оо денари, која треба која треба да се плати најдоцна до Среда 11.03.2015, ИСКЛУЧИВО на сметка на ДСР СЦ Јане Сандански 210068370930127 НЛБ Тутунска Банка а.д. Скопје
|
Назад |
|
|
|
|
|