Вести
Прва спортска гимназија во Македонија  23-04-2012

Почитувани,

Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука и Македонската Тениска Федерација започнуваат со проектот Прва спортска гимназија во Македонија.

Како што е веќе објавено во рекламниот спот на Агенцијата за млади и спорт покрај останатите спортови (фудбал, кошарка, ракомет) вклучен е и тенисот со една паралелка.

Право на упис имаат оние кандидати кои ги исполнуваат општите услови дефинирани од страна на Министерството за образование и наука, и истите треба да имаат соодветно тениско-играчко ниво кое што ќе биде проценето од страна на комисијата во две нивоа на селекција.

Специфични критериуми на селекција:
- Ранг-листа на Македонската Тениска Федерација до 14 и 16 години. Кандидатот да се наоѓал до 20-то место
- Ранг-листа на Европската Тениска Асоцијација до 14 и 16 години. Кандидатот да се наоѓал до 500-то место
- Досегашни постигнати резултати на домашно и меѓународно ниво
- Успешно поминат практичен тест: Постигнување на резултат (ИТН Број) од 1 до 7, каде 1 е највисоко ниво. (ИТН - Интернационален Тениски Број)

Селекцијата на кандидатите ќе се врши на следниот начин:
Првата селекција ќе се одржи по региони во доленаведените термини и градови:
1. РЕГИОН: СЕВЕРО-ЗАПАД-ИСТОК: ТК Југ - Скопје Градски Парк ББ, Скопје Термин за прв избор: 20 Април 2012, 10 часот
2. ЈУГО-ЗАПАДЕН РЕГИОН: ТК Битола - Битола, Скаут: Златко Павловски
Адреса: ЦанеВасилев  2/22, Битола: Термин за прв избор: 21 Април 2012, 10 часот
3. ЈУГО-ИСТОЧЕН РЕГИОН: ТК Акватен - Кочани, Скаут: Ангелчо Колев
Спортски центар Акватен - Кочани: Термин за прв избор: 22 Април 2012, 10 часот

Втората селекција ќе се одржи во Скопје во следниот термин и место:
18 Мај 2012 во ТК "ЈУГ" Скопје во 10 часот

За подетални информации во врска со Гимназијата и уписот во истата обратете се на следните контакти:

Слободан Бачварски @: bobibacvarski@yahoo.com, тел: 075/430407
Горан Шевченко @: goransev@yahoo.com, тел: 070/233243

Со почит,
Македонска Тениска Федерација
Тренерски комитет

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup