Почитувани, тенисери, натпреварувачи, тениски тренери, спортски работници,
ТФСМ-Скопје, како општествено одговорна институција постапува по дадените препораки во согласност со мерките и активности за превенција од ширењето на корона вирусот од страна на Владата на Република Северна Македонија. ТФСМ-Скопје ќе продолжи да ги следи случувањата во нашата држава и пошироко а кои се поврзани со COVID-19 и навремено да Ве известува.
Бидејки Владата на Република Северна Македонија го подигна нивото на претпазливост и ги зголемени ограничувања во врска со патувањата, затворените и јавните собири, како и работата на одредени објекти во нашата држава, а ИТФ и ТЕ ги одложи сите настани до неделата 13.04.2020 година сакаме да Ве известиме дека ТФСМ-Скопје од денес, 16.03.2020 година, ќе започне со адаптиран начин на работа.
Затоа Ве молиме доколку имате потреба за било каква информација, документ или помош од страна на Тениската Федерација на Северна Македонија, да ни се обратите по електронски пат или телефонски во периодот од понеделник до петок, од 8 до 16 часот, на следните контакти:
ТФСМ-Скопје ќе продолжи да обезбедува највисоко ниво на услуга за нашите клубови членки, натпреварувачи, судии, тениски тренери и останати спортски работници.
Во меѓувреме, внимавајте почитувајте ги мерките изречени од страна на Владата на Република Северна Македонија и останете здрави.
Со почит, ТЕНИСКА ФЕДЕРАЦИЈА на СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
|