Ве известуваме дека Отвореното првенство на Македонија Меморијалот Дамјан Димик за јуниори и јуниорки до 12 години во договор со директорот на турнирот, Дејан Крстевски, ке започне еден ден порано од предвидениот рок во Пропозициите, односно ке се одигра во периодот 19.06-21.06.2015 година.
Оваа промена е заради одредени претпладневни саботни активности во тенискиот комплекс АБЦ.
Турнирот ке започне во Петок 19 јуни во 9,оо часот и истиот ке се игра на сите 4 терени целиот ден, а во сабота би продолжил во 12 часот.
Терминот за пријавување на играчите од страна на клубовите останува најдоцна до среда 17 јуни па поради ова се молат сите клубови на време да ги пријават своите играчи.
Извлекувањето на ждрепката и информациите околу жрепките и планот за играње ќе ги добиете во Четврток, 18.06.2015 година, најдоцна до 14,оо часот.
|