Вести
Детски турнир  01-04-2016

Ве известуваме дека на терените на Тенискиот клуб ИТЦ Македонија-Скопје, во периодот од 02 до 03 Април ќе се одржи турнир од проектот детски тенис, (црвен и портокалов тенис).
Адреса на клубот:
ул. Козјак број 37 А
Кисела Вода
Скопје
(во близина на авто сервис Мечкаров, или преземете го следниот линк преку google maps)

До сега на адреса на Македонската тениска федерација пристигнати се пријави за следните учесници:

1. црвен тенис-  33 пријавени
2.портокалов тенис- момчиња - 37 пријавени
3. портокалов тенис - девојчиња - 17 пријавени

Резултати
1. црвен тенис
2. портокалов тенис - момчиња
3. портокалов тенис- девојчиња

НАПОМЕНА:
1. Сите пријавени натпреварувачи кои ја немаат регулирано годишната обврска кон МТФ на име годишна регистрација за 2016, се должни да ја уплатат во износ  од 300 денари, на жиро сметка на МТФ: 370011100031389, банка депонент Еуростандард банка или преку матичниот клуб. Доколку уплатата е извршена денес, 01.04.2016 година, да го носат заверениот вирман од банка за презентација на Делегатот на турнирот.

2. клубовите кои имаат пријавено повеќе од 5 учесници, да номинираат претставник на клубот кој ќе помогне во целокупната организација на турнирот, во делот на прифаќање и запишување на учесниците.


Правила:
Бројот на учесниците на турнирот не е ограничен, тие ќе бидат поделени во групи и ќе се игра по Раунд Робин систем.

ЦРВЕНИОТ Турнир: до 10 поени резултатот може да е и 5:5. Се сервира: прв сервис правилно, а втор сервис со рака со симулација на сервис. Сервисот се менува на два пони.

ПОРТОКАЛОВИОТ турнир: игра во групи, златна група-елиминации, се игра до 12 поени, на резултат 6:6 се игра златен поен. За елиминација се игра краток сет до 4, на 3:3 тие бреак, на натпреварите се до финале и финале. Се сервираат два правилни сервиси, а сервисот се менува на два поени, се сервира наизменично на едната па на другата страна.


Почеток на натпреварите:

Натпреварите од ПОРТОКАЛОВИОТ ТЕНИС започнуваат во САБОТА на 02.04.2016 година во 10:оо часот, по претходно запишување кое започнува во 9:00 до 9:30 час. Влечењето на жрепката за Портокаловиот ќе се изврши во 9:40 часот.

Натпреварите  од  ЦРВЕНИОТ ТУРНИР започнуваат во САБОТА на 02.04.2016 година во 11,3о часот, по претходно запишување кое започнува во 10:45 до 11:15 часот. Влечењето на ждрепката за Црвениот Тенис ќе се изврши во 11:20 часот.

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup