Вести
Важна информации за турнири 16,10,-18,10,2021  15-10-2021
 
Почитувани Клубови, Тренери и Тениски Ветерани,


Ова соопштение е со цел да Ве известиме како ќе се одвиваат планираните  ТФСМ турнири во тенис за овој викенд а во согласност со условите за играње и најавената временската прогноза.

1. Турнирот во Зелен Тенис во организација на ТК Борец- Велес ќе започне во Недела 17.10.2021 година во 10 часот согласно распоредот и извлечените ждрепки за истиот кои се во прилог на дописов. Информации кај Делегатот Јован Јовановски моб.078 319 979.

2. Екипното Првенство до 12 години во организација на ТК Академија-Аеродром ќе започне во предвидената дата утре Сабота 16.10.2021 година, во 10 часот, при што испланирано е да се одиграат натпревари во Монтажната сала на Клубот. Во прилог ви се извлечени ждрепки Ј-ри и Ј-ки и распоред за играње за Сабота 16ти и Недела 17ти. Информации кај Делегатот Дејан Деспотовски  моб.075 299 064.

3. Мастерс турнирот до 16 години во организација на ТК Тенниспарк- Скопје ќе започне во Недела 17.10.2021 година во 10 часот, извлекувањето на ждребот за турнирот и распоредот за играње ќе се изврши утре Сабота 16.10.2021 година во 10 часот, во просториите на ТФСМ. Информации кај Делегатот Антонио Радојничкиќ моб.078 205 381. За распоредот дополнително во тек на утречниот ден ќе бидете известени.

4. Мастерс турнирот за Ветерани во организација на ТК Неготино-Неготино, ќе започне утре Сабота 16.10.2021 во 10 часот во покриената сала вна ТК Црна Река -Кавадарци во 10,о часот кај 30+ ветерани, односно во 14,оо часот кај 50+ Ветерани. Ждрепките ќе бидат извлечени утре во 9,50 кај ветераните 30+ , односно во 13,оо кај Ветераните 50+. Со надеж на подобри временски услови во Недела турнирот ќе продолжи да се игра на терените на ТК Неготино-Неготино. Информации кај Делегатот Злато Павловски  моб.078 228 665.

Ве молиме за ова да ги известите вашите пријавени учесници на турнирите.

Поздрав,

Натпреварувачко-Судиски Комитет на ТФСМ

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup