|
Вести |
2 Зимско Отворено Првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 14 години |
27-01-2012 |
|
Македонската Тениска Федерација, Ве поканува да учествувате на Зимското Отворено првенство на Македонија во конкуренција за Јуниори и Јуниорки до 14 годишна возраст, кое ќе се одржи на терените на Т.К."ЈУГ" Скопје, од 04.02.-06.02.2012 година. Ќе ни биде особено драго ако и вашите членови земат учество на ова Зимско Отворено првенство.
НАПОМЕНА: Сите пријавени натпреварувачи се должни да ја уплатат годишната регистрација кон МТФ за 2012 година, во износ од 800 денари, на жиро сметка на МТФ: 370011100031389, банка депонент Еуростандард банка или во просториите на МТФ. Копија од уплатата да се презентира на Делегатот доколку се уплака на 03.02.2012 година. Воедно Ве потсетуваме дека право на настап ќе имаат само играчите со уреден лекарски преглед кој не е постар од 6 месеци. Ве молиме да ги доставите сите легитимации од натпреварувачите кои веке се регистрирале за настап во 2012 година, кај Делегатот или во канцеларијата на МТФ , за истите да им бидат заверени. Од 01.03.2012 година, нема да им биде дозволено да се натпреваруваат доколку немаат заверено уредно година од МТФ и лекарски преглед во легитимацијата
|
Назад |
|
|
|
|
|