Вести
Македонија на ФЕД КУП 2017  09-06-2017
  
       Катарина Маринковиќ               Нора Христовска                Викторија Веселинова                  Дејан Маринковиќ

Македонската репрезентација во Сабота (10.06.2017) заминува за Кишњев, Молдавија каде ќе настапува на ФЕД Куп натпреварите од 3-та Евро Африканска зона.

Македонската репрезентација ќе настапува во следниот состав:
1. Катарина Мариковиќ
2. Нора Христовска
3. Викторија Веселинова
4. Капитен Дејан Маринковиќ

Во 2017 година на Фед Куп натпреварите ќе учествуваат 16 репрезентации, а учеството го откажаа следните 5 репрезентации: Црна Гора, Ангола, Боцвана, Мадагаскар и Намибија.

Официјалното извлекување ќе биде во Понеделник, 12.06.2017 година, кога ќе дознаеме во која група ќе биде извлечена Македонија.

Носители на групите се:

Група А носител со ранг 70 е Грција

Група Б носител со ранг 72 е Ирска

Група Ц носител со ранг 73 Финска

Група Д носител со ранг 74 Молдавија

Останатите 12 репрезентации се извлекуваат од секоја група на држави (кои се подредени подоле) по една во секоја од групите А,Б,Ц или Д

1 ГРУПА ДРЖАВИ                           2 ГРУПА ДРЖАВИ                            3 ГРУПА ДРЖАВИ

МАКЕДОНИЈА ранг 77                  ТУНИС ранг 89                                КЕНИЈА ранг 97

КИПАР  ранг 83                           АЛЖИР ранг 91                               МОЗАМБИК ранг 101

ЕРМЕНИЈА ранг 84                       КОСОВО ранг 92                             ИСЛАНД ранг 102

МАРОКО ранг 88                         МАЛТА ранг 93                                КАМЕРУН нема ранг

Натпреварите по групи започнуваат во Вторник во 10 часот и играњето во групи завршува во петок 16.06.2017.

 

ПОБЕДНИЦИТЕ ОД ГРУПИТЕ играат во сабота, 17.06.2017 година и тоа А1 со Ц1 И Б1 со Д1, тогаш и се одигруваат натпреварите за пласман од 5 до 16 место.

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup