Вести
Лина и Меги на ИТФ професионални турнири  01-10-2021
https://www.facebook.com/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%81-107759200867600/ 
 
Во изминатиов период наши тенисерки настапија на повеќе професионални турнири.
Лина Ѓорческа, постигна одлични резултати со своите настапи. Од 16-22 Август 2021 таа настапи на турнирот во Врњачка Бања, Србија со награден фонд од 25 илјади американски долари (25К) каде стигна до 1/4 финалето во поединечна конкуренција и во 1/2 финалето во конкуренција на двојки. Следен турнир за Лина беше турнирот 25К во Трст, Италија кој се одржа од 30 Август до 5 Септември каде стигна до 1/4 финалето во поединечна конкуренција. Од 13-19 Септември Лина настапи на WTA турнирот во Порторож, Словенија каде загуби во 1то коло од квалификациите. Следеше одличниот успех во Висбаден, Германија турнир 80К кој се одржа од 20-26 Септември, Лина од квалификациите влезе во 1/2 финалето на главниот турнир каде во доста квалитетен меч загуби од Клара Бурел од Франција која во моментов се наоѓа на 79 место на WTA листата (6:4, 4:6, 4:6).
Во моментов Лина игра во Будимпешта, Унгарија каде денес треба да игра во 2то коло против Сиња Краус од Австрија.
Сите резултати на Лина можете да ги видите на следниот линк:
Магдалена Стоилковска, настапи на повеќе турнири со награден фонд од 15 илјади американски долари. Во периодот 12-18 Јули 2021 Магдалена настапи на турнирот во Алмада, Португалија успеа од квалификациите да влезе во главниот турнир каде загуби во 1то коло. Следниот турнир за Магдалена беше турнирот во Амаранте, Португалија од 19 до 25 Јули каде од квалификациите стигна до 2то коло. Следеа два турнири во Австрија од 16 до 29 Август каде Магдалена играше во квалификациите и загуби во првото коло. Последниот турнир кој Магдалена го одигра беше во периодот 13 -19 Септември во Созопол, Бугарија каде загуби во 1то коло од главниот турнир.
Сите резултати на Магдалена можете да ги видите на следниот линк:
Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup