На ден, 25.10.2019 година, во канцеларијата на Тениската Федерација на Северна Македонија, со почеток во 11 часот ќе биде извршено извлекување за Отвореното Првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 12 години кој ќе се одржи на тениските терени на Тенискиот клуб Фан Тенис -Скопје, во периодот од 26.10.-28.10.2019 година.
На терените на Тенискиот клуб Тенниспарк Скопје-Скопје, во периодот од 26.10.-28.10,2019 година ќе се одржи Мастерс Турниорот на Македонија за јуниори јуниорки до 14 години.
Почеток на натпреварите: Мастерс турнирот за јуниори започнува во Сабота 26.10.2019 година во 10:00 часот, а за јуниорки во 12:00 часот. Секое задоцнување повеќе од 15 минути повлекува дисквалификација од понатамошното натпреварување. Извлекување: Извлекувањето за јуниори ќе биде во Сабота 26.10.2019 год. во 09:50 часот, по претходно запишување кое започнува во 09:30, а за јуниорките ќе биде во 11:50 часот по претходно запишување кое започнува во 11:30 часот.
Согласно пропозициите за празните места на лице место може да се запишат и дополнителни заинтересирани кои се на Ранг листата во соодветната категорија и конкуренција.
опис |
Мастерс Турниор на Македонија
за јуниори и јуниорки до 14 години |
листа на пријавени листа на поканети тенисери |
листа на поканети и потврдени тенисери 1. јуниори 2. јуниорки |
жребови |
1. јуниори - на лице место 2. јуниорки - на лице место |
распоред за играње |
на лице место |
На терените на Тенискиот клуб Југ-Скопје, во периодот од 26.10.-28.10,2019 година ќе се одржи МАСТЕРС ТУРНИР на Македонија за Жени.
Почеток на натпреварите: Мастерс турнирот за Жени започнува во Сабота 26.10.2019 година во 10:00 часот. Секое задоцнување повеќе од 15 минути повлекува дисквалификација од понатамошното натпреварување. Извлекување: Извлекувањето за ќе биде во Сабота 26.10.2019 год. во 09:50 часот, по претходно запишување кое започнува во 09:30.
Согласно пропозициите за празните места на лице место може да се запишат и дополнителни заинтересирани кои се на Ранг листата во соодветната категорија и конкуренција.
|