Вести
македонските тенисери на мегународни турнири  01-10-2021
https://www.facebook.com/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%81-107759200867600/ 
 
Во изминатиов месец нашите тенисери настапија на повеќе интернационални турнири во земјава и во странство.
Во периодот 2-8 Август 2021 во Тенискиот клуб Југ од Скопје се одржа турнирот од календарот на Tennis Europe Neotel Open 2021 до 16 години, на турнирот од Македонија настапија 8 момчиња и 7 девојчиња. Амар Хусеиновиќ повторно покажа дека е еден од најдобрите играчи во регионот и го освои 2то место во поединечна конкуренција, во конкуренција на девојчиња Ана Стојановска и Зара Зафировска стигнаа до 1/4 финалето. Комплетни резултати на следниот линк:
Од 9-15 Август во Подгорица, Црна Гора се одржа Tennis Europe Rio Verde Cup до 12 години, од Македонија настапија 3 тенисери. Матеј Попов во поединечна конкуренција успешно ја помина групната фаза и се пласираше во 1/4 финалето. Во конкуренција на двојки Марко Алексовски во пар со Хамод Ејад од Јемен се пласираа во 1/2 финалето, а Матеј Попов во пар со Горјан Вукичевиќ се пласираа во 1/4 финалето. Резултати:
Од 9-22 Август во Тенискиот клуб Југ се одржаа двата ИТФ турнири до 18 години, Ј5 Neotel Open 2021 и Ј4 Jug Open 2021. На овие два турнири настапуваа 8 момчиња и 13 девојчиња. Александра Симева имаше одличен настап и во поединечна конкуренција успеа да игра во финалето на првиот и во 1/2 финалето на вториот турнир додека во двојки на вториот турнир го освои 1то место во пар со Катерина Димитрова од Бугарија. Моника Темкова и Амар Хусеиновиќ на првиот турнир се пласираа во 1/4 финалето во поединечна конкуренција. Резултати:
Од 17-22 Август во Аридеја, Грција се одржа турнирот Tennis Europe Aridea Cup до 16 години. На овој турнир одличен настап имаше нашата тенисерка Ана Митевска која успеа да се пласира во 1/4 финалето во поединечна и во конкуренција на двојки. Резултати:
Од 23-28 Август 2021 Калин Ивановски настапи на ИТФ турнирот до 18 години J1 College Park кој се одржа во Вашингтон, САД. Калин во поединечна конкуренција стигна до 1/2 финалето каде загуби од Рајан Колби од САД. Калин на овој турнир играше во конкуренција на двојки и загуби во 2то коло. Резултати:
Од 30 Август до 5 Септември во Нови Сад, Србија се одржа турнирот од ИТФ календарот J2 XXIII Serbia Open 2021. Одличен резултат имаше Берк Бугариќ во конкуренција на двојки во пар со Андреј Недиќ од БИХ успеа да стигне во финалето. Берк играше и во поединечна конкуренција каде загуби во 2то коло. Резултати:
Од 30 Август до 5 Септември во Пеќ, Косово се одржа Tennis Europe Peja Open 2021 до 16 години. На турнирот од Македонија настапија 4 момчиња и 4 девојчиња. Амар Хусеиновиќ во поединечна конкуренција го освои 1то место а во конкуренција на двојки заедно со Филип Стојановски исто така дојдоа до титулата. Во конкуренција на девојчиња Зара Зафировска стигна до 1/4 финалето во поединечна конкуренција додека Катја Ивановска, Ивана Милкова и Зара Зафировска се пласираа во 1/2 финалето во конкуренција на двојки. Резултати:
Од 30 Август до 5 Септември во Бургас, Бугарија се одржа Tennis Europe Bulgaria Open 10 до 14 години. На турнирот настапија 2 момчиња и 1 девојче. Александар Трифуновски во поединечна конкуренција стигна до 1/4 финалето додека во конкуренција на двојки во пар со Виторио Станков од Бугарија го освои 1то место. Самуил Честовалиев во пар со Егор Шкербаков од Русија загубија во 1/2 финалето во конкуренција на двојки. Резултати:
Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup