|
Вести |
Амар Хусеиновиќ предизвик за најмладите. |
29-04-2020 |
|
Амар Хусеиновиќ своите први тениски чекори ги направи 2012 год на своја 5-годишна возраст во тенискиот клуб МТП Скопје.
Од првиот тренинг го засака тенисот и со нетрпение го чекаше секој следен тренинг.
Секојдневно вредно тренираше слушајќи ги советите на неговиот тренер.
Како резултат на вредните тренинзи стигна и првиот голем резултат.
На свои 11 години ја освои титулата Државен шампион на Македонија во категорија до 12 години.
Истата,титула ја одбрани и следната 2019 година.
Во истата година после 4 едноподруго освоени турнири во категоријата до 14 год изби на првото место на ранг листата до 14 год во Македонија.
И после овие успеси Амар продолжи вредно да тренира па стигнаа и успеси на интернационално ниво.
Го освои својот прв Tennis Europe U12 сингл турнир во Тирана како и 3 титули во дубл U12 Tennis Europe.
Амар Хусеиновиќ предизвик за најмладите.
|
Назад |
|
|
|
|
|