Вести
селекција за избор на ученици од 1ва година од Националната Спортска Академија - Тенис во учебната 2017/2018 година  13-05-2017
 

Јавен повик

за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во Спортска Академија

Спортската академија по петти пат започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои што ќе бидат дел од ДСУ „Спортска академија“ во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2017/2018 година, кои освен во Скопје, предвидени се и како истурени паралелки во следните општини:
 

1. СОУ „Кузман Шапкарев“Битола - паралелка за фудбал

2.ОУТУ „Ванчо Питошески“Охрид - паралелка за фудбал
3. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп - паралелка за фудбал

4. СОСУ „Моша Пијаде“ Тетово- паралелка за фудбал
5.
СОУ  „Коле Нехтенин“ Штип - паралелка за
фудбал
 

 

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, во средно училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во фази:
- Скаутирање од стручни лица
- Селекција од стручен тим
-
Тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија

На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон.

Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција како и листата на одговорни контакт лица за секој спорт од конкретната Спортска федерација е следната:

За сите спортови, контакт лица од Министерството за образование и наука се:

-Дана Бишкоска 075/346-973

-Нуран Кадриу Џамбази 076/445-059

-Пенка Мантова Здравковска 076/485-054

Секој кандидат е должен да пристигне и да го потврди своето присуство на местото каде што ќе се одвива селекцијата најмалку 30 мин пред почетокот на истата.

Сите кандидати/ученици, за сите спортови, кои ќе ја поминат првата фаза на селекција ќе бидат информирани за терминот за следната фаза на селекција.

МИНИСТЕР
Pishtar Lutfiu


ИНФОРМАЦИЈА:

за спроведување селекција за избор на ученици од 1ва година од Националната Спортска Академија - Тенис во учебната 2017/2018 година

ЛОКАЦИИ И ТЕРМИНИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ:

ПРВ ИЗБОР/СЕЛЕКЦИЈА

РЕГИОН: ЈУГО-ЗАПАД

Битола (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен, Вевчани, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Охрид и Струга)

ТК Битола – Битола

Адреса: Цане Василев 2/22, Битола

РЕГИОН: СЕВЕРО-ЗАПАД/ИСТОК

Скопје (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Велес, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и Маврово и Ростуше)

ТК Југ – Скопје

Адреса: Градски Парк ББ, Скопје

РЕГИОН: ЈУГО-ИСТОК

Штип (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Свети Николе, Кратово, Берово, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Кочани

ТК Триумф-Штип

Адреса: ул. Борис Крајгер бб– Штип (спроти трговски центар Елкос)

ТЕРМИН:

Датум: 13.05.2017 година

Почеток: 10.30 часот

ТЕРМИН:

Датум: 12.05.2017 година

Почеток: 10:30 часот

ТЕРМИН:

Датум: 13.05.2017 година

Почеток: 13.00 часот

ВТОР ИЗБОР/СЕЛЕКЦИЈА

СИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВ ИЗБОР/СЕЛЕКЦИЈА

ТК Југ – Скопје, Градски парк ББ, Скопје

ТЕРМИН: 25 Мај 2017, 10.30 часот



Контакт за дополнителни информации: Слободан Бачварски 075/430407 или Томе Гигов 078/200287; е-маил goransev@yahoo.com

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup