Вести
КОНКУРС за стручни лица-АКАДЕМИЈА  26-08-2014
 

КОНКУРС

за стручни лица кои ќе работат во Националната Спортска Академија на

Република Македонија

Македонската Тениска Федерација (МТФ) на ден 18 Август 2014 година, објавува конкурс за стручни лица (Стручен тим) кои ќе работат со селектираните тенисери од 1-ва година во учебната 2014/2015 во Националната Спортска Академија на Република Македонија. Кандидатите аплицираат за место:

1. Главен тренер/селектор

2. Помошник главен тренер

3. Тренер

Постапката за избор на стручните лица:

1. Критериуми донесени од Министерството за образование и наука:

• Степен на образование согласно член 27 од законот за спорт (најмалку више образование во областа на тенисот) или да поседува ниво на тениска едукација (Сертификат од Македонската Тениска Федерација или некоја друга тренерска лиценца верифицирана од Тренерскиот комитет при МТФ)

• соодветно играчко ниво за врвни јуниори/ки од 14 до 18 години

• да е лиценциран во Македонската Тениска Федерација

• да не е осудуван

• програма за работа за периодот за кој се избира со очекувани резултати

• да поседува комуникациски, организациски и менаџерски спобности, како и способности за пренесување на знаења и вештини

• потврда за познавање на најмалку еден светски јазик

• постигнати резултати во неговата професионална кариера, (освоено првенство, куп или настап во евро куповите

2. Потребни документи за кандидатите кои ќе аплицираат:

• Биографија ЦВ

• диплома/уверение за завршен степен на образование или приложен соодветен сертификат за тениско образование

• потврда дека е лиценциран (уплатница)

• програма за работа

• потврда дека не е осудуван

• потврда за познавање на светски јазик

• потврда за постигнати резултати

3. Начин на избор:

• Изборот на членовите од стручниот тим ќе го изврши комисија оформена од Управниот Одбор на МТФ

• Одлуката за тоа кои кандидати се примени ќе биде објавена на ВЕБ страната на МТФ http://www.mtftennis.mk/

Ве молиме најкасно 26 Август 2014 да ги доставите потребните документи како би можела комисијата да постапи по доставените документи. 
Документите скенирани се доставуваат на е-маил адресата: goransev@yahoo.com и во оригинал во канцеларијата на МТФ (ул: Митрополит Теодосиј Гологанов број 149-2/локал 3, 1000 Скопје)

За сите останати информации Ве молиме да ја контактирате МТФ: 
Тел: 070/233 243, 075/430 407, 02/3229 687, 
Е-маил: goransev@yahoo.com или mtf@unet.com.mk

Македонска Тениска Федерација

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup