е известуваме дека во периодот од 20.04.-23.04.2016 година ќе се организира курс за Главни судии и Делегати на МТФ. Сите заинтересирани кандидати на кои им се потребни дополнителни информации Ве молиме да се јават во канцеларијата на МТФ 02/3229687 или 078/205381 да го пријават своето учество на електронска пошта: mtf@unet.com.mk , со доставување на:
1. Мотивациско писмо насловено до Судискиот Комитет на МТФ 2. Кратка Биографија во која ќе бидат содржани следните информации - Име и презиме - Дата на раѓање - Образование - Тениско искуство (како играч, линиски судија или судија на стол) - Контакт телефон (мобилен) - Е-маил адреса - Големина на гардероба (тренерка,маица)
Котизацијата за учество на курсот е 3.000,00 (три илјади денари).
Бројот на учесници е ограничен (10 кандидати), а истиот за да се одржи потребни се минимум 5 кандидати. Пријавата за учество е до ПОНЕДЕЛНИК 11.04.2016 година до 12 часот на е-маил: mtf@unet.com.mk
Избраните кандидати пред почетокот на курсот ќе мораат да ја уплатат целосно котизацијата за учество на жиро сметка на МТФ: 370011100031389, банка депонент Еуростандард банка Скопје, со цел на дознака котизација за учество на курс за Главни судии и Делегати.
Избраните кандидати ќе бидат известени од страна на МТФ во Вторник 12.04.2016 година.
|