Вести
конкурс за стручни лица-спортска гимназија  03-09-2015
 

Врз основа на член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебните критериуми за тренер на ученици во спортска академија, Македонската тениска федерација (МТФ) распишува

КОНКУРС

за стручни лица кои ќе работат во Спортска Академија

Македонската тениска федерација (МТФ), објавува конкурс за стручни лица (Стручен тим) кои ќе работат со селектираните тенисери од 1-ва, 2-ра, 3-та и 4-та година во учебните 2015/2016 и 2016/2017 во Спортската Академија. Кандидатите конкурираат за место:.

1.         Еден (1) главен селектор/тренер

2.         Еден (1) селектор/тренер

3.         Двајца (2) помошник главен тренер

4.         Четворица (4) Тренери

1. Општи и посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите за тренери на учениците за тенис во Спортската академија во Скопје:

- да има завршено најмалку више образование во областа на спортот или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација,

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-           да поседува ниво на тренерска едукација кое се докажува со сертификат од Македонската тениска федерација или друг тренерски сертификат/лиценца која е верифициран/а од Тренерскиот комитет при Македонската тениска федерација.

-           да има најмалку три години работно искуство со врвни јуниори на возраст од 12 до 18 години или професионални играчи над 18 години, кое се докажува со потврда од матичен клуб член на Македонската тениска федерација и потврда од Македонската  тениска федерација;

-           да поседува лиценца за тренер од Македонската тениска федерација;

-           да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини и

-           да има постигнати резултати во неговата професионална кариера, односно освоено првенство, куп или настап во евро куповите.

 

2. Потребни документи за кандидатите кои ќе конкурираат:

      биографија/ЦВ

      приложен соодветен сертификат за тениско образование или потврда од Македонската тениска федерација за ниво на едукација доколку сертификатот е во фаза на изготвување

      потврди за работно искуство од матичен клуб и потврда за работно искуство од Македонската тениска федерација

      потврда дека е лиценциран со уплатница за платена лиценца

      програма за работа за лицата кои конкурираат за двете селекторски позиции

      потврда од Македонската тениска федерација за постигнати резултати

 

3. Начин на избор:

        Изборот на членовите од стручниот тим ќе го врши комисија оформена од Управниот Одбор на МТФ

        Одлуката за тоа кои кандидати се примени Ќе биде објавена на веб страната на МТФ

Кандидатите најдоцна во рок од три дена од денот на објавувањето на овој Конкурс да ги доставите потребните документи како би можела комисијата да постапи по доставените документи. Документите скенирани се доставуваат на е-маил адресата: nacionalnateniskaakademija@yahoo.com и во оригинал во МТФ.

За сите останати информации Ве молиме да ја контактирате МТФ: Тел: 02/3229 687, Е-маил: nacionalnateniskaakademija@yahoo.com или mtf@unet.com.mk

 

Македонска Тениска Федерација

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup