Вести
Честитки за Лина за изборот на најдобра спортистка на Македонија до 20 години  10-01-2014


Лина Ѓорческа е избрана за најдобра спортистка на Македонија до 20 години за 2013 година, во изборот кој го организираше Сојузот на спортските федерации на Македонија, а во соработка со Агенцијата за млади и спортна Република Македонија.
Најдобрите македонски спортисти, спортски екипи и спортски работници за минатата година беа избрани со гласовите на национални спортски федерации, спортските новинари и стручната комисија при Агенцијата за млади и спорт.а за кој избор гласаа:





Носители на „Спортски Оскар 2013“ по категории се:

Млада спортистка: Лина Ѓорческа, македонска тенисерка.

Спортист: Кирил Лазаров, капитен на машката ракометна репрезентација.

Спортистка: Билјана Црвенковска, капитен на женската ракометна репрезентација.

Национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија.

Селектор: Драган Атанасовски, селектор на кик бокс репрезентацијата.

Машки национален тим: Репрезентација на Македонија во куглање.

Женски национален тим: Ракометната репрезентација на Македонија.

Млад спортист: Берат Јакупи, карате репрезентативец.

Најдобар спортист меѓу лицата со инвалидитет: Андреј Стојановски, пливање.

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup