Лина Ѓорческа е избрана за најдобра спортистка на Македонија до 20 години за 2013 година, во изборот кој го организираше Сојузот на спортските федерации на Македонија, а во соработка со Агенцијата за млади и спортна Република Македонија. Најдобрите македонски спортисти, спортски екипи и спортски работници за минатата година беа избрани со гласовите на национални спортски федерации, спортските новинари и стручната комисија при Агенцијата за млади и спорт.а за кој избор гласаа:
Носители на „Спортски Оскар 2013“ по категории се:
Млада спортистка: Лина Ѓорческа, македонска тенисерка.
Спортист: Кирил Лазаров, капитен на машката ракометна репрезентација.
Спортистка: Билјана Црвенковска, капитен на женската ракометна репрезентација.
Национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија.
Селектор: Драган Атанасовски, селектор на кик бокс репрезентацијата.
Машки национален тим: Репрезентација на Македонија во куглање.
Женски национален тим: Ракометната репрезентација на Македонија.
Млад спортист: Берат Јакупи, карате репрезентативец.
Најдобар спортист меѓу лицата со инвалидитет: Андреј Стојановски, пливање.
|