|
Вести |
Мастерс Ветерани |
22-10-2020 |
|
На терените на Тенискиот клуб Неготино-Неготино, во периодот од 23.10.-25.10.2020 година ќе се одржи Мастерс турнир за Ветерани 50- и 50+ години.
Почеток на натпреварите: Мастерс турнирот за Ветерани 50- започнува во Петок 23.10.2020 година во 10:00 часот, а за Ветераните 50+ во 12:00 часот. Секое задоцнување повеќе од 15 минути повлекува дисквалификација од понатамошното натпреварување.
Извлекување: Извлекувањето за Ветерани 50- ќе биде во Петок 23.10.2020 год. во 09:50 часот, по претходно запишување кое започнува во 09:30, а за Ветераните 50+ ќе биде во 11:50 часот по претходно запишување кое започнува во 11:30 часот.
Согласно пропозициите за празните места на лице место може да се запишат и дополнителни заинтересирани кои се на Ранг листата во соодветната категорија и конкуренција.
|
Назад |
|
|
|
|
|