Вести
Дејвис Куп 1 ден  22-06-2021
 Скопје, 21.06.2021 годинаНа терените на Тенискиот Клуб “Југ“ – Скопје, започнувајќи од денес, сè до 26. јуни 2021 година ќе се одржи Светското Тениско Првенство, Дејвис Куп (Davis Cup) – Европска група 4.

После пауза од 1О години, оганизацијата на овој турнир е доверена на Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ). Турнирот е во реализација на ТФСМ-Скопе, а е под покровителство на Светската Тениска Федерација- ИТФ.

“Ми претставува особено задоволство што за краток временски период, како Тениска Федерација, домаќини сме на уште еден, светски познат настан од сферата на тенисот. По успешна реализација на подготвителните активности, денес, на терените на ‘Југ’, официјално започнува Дејвис Куп. Верувам дека ни претстои седмица исполнета со одличен тенис, а на сите национални тимови – дел од четвртата европска група им пожелувам добредојде и успех во тениските мечeви.“ – изјави г-дин Александар Ивановски, Претседател на Тениската Федерација на Северна Македонија.

Во рамки на Дејвис Куп Европска Група 4, учество ќе заземат тенисери од вкупно 9 држави:
Црна Гора (105 ранг) , Северна Македонија(111 ранг), Ерменија (116 ранг), Сан Марино (121 ранг), Албанија (126 ранг), Косово (127 ранг), Андора (130 ранг), Молдавија (133 ранг) и Азербејџан (134 ранг).

Во составот на нашиот национален “Цевитана Дејвис Куп“ тим се следните репрезентативци:

1.                   Горазд Србљак

2.                   Калин Ивановски

3.                   Обрад Марковски

4.                   Стефан Мицов

5.                   Чедомир Јовановски-Капитен

6.                   Владимир Томиќ- Асистент на Капитенот

На ден 21.06.2021 година, со почеток во 18 часот се одржа официјалноо извлекување на репрезентациите во групи.

Деветте репрезентации се распоредени во две групи, во 2 Round Robin системи, едниот систем е со 4 држави, а вториот систем е со 5 држави.

 Во Групата А носител е репрезентацијатана Црна Гора, таа група е сосставена од 4 репрезентации и Групшата Б каде носител е Македонската репрезентација која е составено до репрезентации.

 

 

 

Група А

1

2

3

4

Црна Гора

 

 

 

 

Ерменија

 

 

 

 

Албанија

 

 

 

 

Азербејџан

 

 

 

 

 

 

Група Б

1

2

3

4

5

Северна Македонија

 

 

 

 

 

Сан Марино

 

 

 

 

 

Косово

 

 

 

 

 

Андора

 

 

 

 

 

Молдавија

 

 

 

 

 

Натпреварите започнуваат од Вторник, 22.06.2021 година, а на распоред се следните натпревари:

Централен терен: ПОЧЕТОК 10 часот (директен ТВ пренос на МРТ 3), слободен влез за гледачи се до исполнување на 50% од капацитетот)   СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА- КОСОВО

Терен Број 5: АНДОРА – МОЛДАВИЈА (live stream)

Терен Број 8: ЦРНА ГОРА - АЛБАНИЈА (live stream)

 

Двете прво пласирани држави во секоја од Групите А и Б се пласира во Европска Група 3 во 2022 година.

 

На сите екипи им посакуваме многу успех.

 

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup