Македонските тенисери Томислав Јотовски, Горазд Србљак и Бесир Дургути, оваа недела настапува на ИТФ Фјучерс турнирот вреден 15.000 УСД во Возендорв, Австрија.
Томислав Јотовски беше пласиран директно во главниот турнир каде во 1 коло загуби од Италијанецот, Stefano BATTAGLINO (ITA) , со резултат 4-6, 4-6. Горазд на главниот турнир се пласира преку квалификациите каде во коло беше слободен, во 2 коло го победи Nir VODAVOZ (ISR) со резултат 61, 61 и за пласман во главен турнир го победи Bjorn NAREYKA (AUT) с резултат 62, 64. Горазд беше запрен во 1 коло на главниот турнир од 1 носител на турнирот Германецот Peter HELLER (GER) [1] со резултат 36, 26.
На овој турнир во квалификациите настапуваше и Бесир Дургути кој на квалификациите во 1 коло беше слободен, а во 2 коло загуби од Bjorn NAREYKA (AUT) со резултат 06, 67(3).
комплетни резултати на македонските тенисери од овој турнир:
1 коло главен турнир
Stefano BATTAGLINO (ITA) 6-4 6-4 Tomislav JOTOVSKI (MKD) [5]
Peter HELLER (GER) [1] 6-3 6-2 Gorazd SRBLJAK (MKD)
3 коло квалификации
Gorazd SRBLJAK (MKD) [3] 6-2 6-4 Bjorn NAREYKA (AUT)
2 коло квалификации
Gorazd SRBLJAK (MKD) [3] 6-1 6-1 Nir VODAVOZ (ISR)
Bjorn NAREYKA (AUT) 6-0 7-6(3) Besir DURGUTI (MKD) [10]
1 коло квалификации
Gorazd SRBLJAK (MKD) [3] BYE
Besir DURGUTI (MKD) [10] BYE
|