Во врска со Календарот за Натпреварување на Македонската Федерација, за Периодот Зима 2018 Година. која започнува на 16.12.2017 година, со Зимското Отворено Првенство на Македонија, за Јуниори и Јуниорки до 14 години, Ве известуваме следното:
1. Ве молиме да ги известите сите ваши натпреварувачи ( до 12, 14, 16, 18 години, Мажи и Жени), како и вашите членови од Детскиот Тенис (Црвен, Портокалов и Зелен Тенис), пред првиот настап на Првенствата во својата Категорија и Конкуренција, заради продолжување на регистрацијата за 2018 година или за прва регистрација за 2018 година, го уплатат износот од 800,оо денари за натпреварувачите, односно 300,оо денари за членовите од детскиот тенис. Истиот износ задолжително да се уплати вирмански на сметката на Македонската Тениска Федерација 370011100031389, депонент Еуростандард Банка а.д. Скопје.
2. Сите ваши натпреварувачи, кои ќе настапуваат на првенствата, задолжително да имаат извршено Лекарски Преглед, кој треба да не е постар од 6 месеци. Лекарскиот Преглед мора да е издаден од Јавна или Приватна Здравствена Установа, од Лекар Специјалист за Спортска Медицина. На членовите од детскиот тенис, им препорачуваме да имаат извршено Лекарски Преглед.
3. Фотокопија од Документот за Лекарски Преглед, да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од МТФ кој го води турнирот.
4. Заради водење на евиденцијата (регистрација за 2018 година) на натпреварувачите и членовите на детски тенис, потребно е да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од МТФ кој го води турнирот, Фотокопија од Изводот на Матичната Книга на Родените, како и една фотографија со димензии 2.5 х 3,5 см.
|