Вести
Тренерска Едукација- НИВО 1  07-06-2021
 

Почитувани клубови и тренери,

 

Ве информирам дека Тренерскиот комитет при ТФСМ организира курс за тренери Ниво1 (Coaching Beginner and Intermediate players course), курсот е во организација на Тениската Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), Интернационалната Тениска Федерација (ITF).

 

Курсот ке се одржи во период од 28.06.2021 до 15.07.2021 година,точно колку денови ке трае и распоред за предавањата ке ги објавиме по завршување на пријавувањето за Курсот.Право на пријава имаат сите тренери кои веќе го имаат поминато “Play Tennis” или “Mini Tennis” курсот и сите останати тренери кој сакаат да се лиценцираат, кандидатите ќе бидат прифатени по редослед на прв пријавен прв избран. Максималната бројка  е 16 кандидати а рокот на пријава е до 18 Јуни 2021.

 

Кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF.

https://www.itftennis.com/en/news-and-media/articles/itf-introduces-new-coach-certification-programme/

 

Пријавата треба да се изврши на следните e-mail адреси: gsanev@gmail.com  и goransev@yahoo.com  . 

Откако ќе бидат примени сите пријави, Тренерскиот комитет ќе ги извести сите кандидати кои се официјално примени и која е понатамошната процедура.

Постапка за учество на Курсот:

1.       Пријава на маил до 18 Јуни

2.       Регулирана лиценца за 2021 година

3.       Уплата за Курсот за примените кандидати  (најдоцна до 23.06.21)  8.000 денари на следнава жиро сметка:

300 000 000 981 676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

  Доколку имате дополнителни прашања слободно да ме контактирате на: gsanev@gmail.com или на тел: 075351118.

 

Со почит,

 Глигор Санев

Тренерски комитет - Претседател

 

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup