Ве известуваме дека на ден 22,10,2019 година, беше одржана првата седница на Управниот одбор на ТФСМ-Скопје, на која е донесена одлука за промена на Организационата Шема на ТФСМ-Скопје и донесен е заклучок за распишување на интерен конкурс за пополнување на позициите на:
1. Комитетите на ТФСМ-Скопје
2. Позиција Генерален Секретар
3. Позиција Државен Селектор
4. Членови на Дисциплинска Комисија на ТФСМ-Скопје – (исклучиво тениски судии)
Секој кандидат кој е заинтересиран да аплицира за било која позиција, задолжително треба да достави:
1. Програма за работа (со финансиска конструкција) за позицијата за која аплицира
2. Кратка биографија
Рокот за поднесување на документите е до 11.11.2019 година.
Претседателите на Клубовите, ги молиме, оваа информација да ја објават на клубските веб страни, огласни табли, социјални мрежи, како би можело сите Ваши членови да бидат известени.
|