Вести
Натпреварувачка сезона 2019  31-12-2018
 

Натпреварувачката сезона 2019 започнува на 15.12.2018 година, со Зимското Отворено Првенство на Македонија, за Јуниори и Јуниорки до 14 години.

 

За таа цел, Ве молиме да ги известите сите ваши натпреварувачи ( до 12, 14, 16, 18 години, Мажи и Жени), како и вашите членови од Детскиот Тенис (Црвен, Портокалов и Зелен Тенис), пред првиот настап на Првенствата во својата Категорија и Конкуренција, заради продолжување на регистрацијата за 2019 година или за прва регистрација за 2019 година, го уплатат износот од 800,оо денари за натпреварувачите, односно 300,оо денари за членовите од детскиот тенис.  Истиот износ задолжително да се уплати вирмански на сметката на Македонската Тениска Федерација 370011100031389, депонент Еуростандард Банка а.д. Скопје.

 

Воедно сакаме да Ве потсетиме дека, сите ваши натпреварувачи, кои ќе настапуваат на првенствата, задолжително да имаат извршено Лекарски Преглед, кој треба да не е постар од 6 месеци.  Лекарскиот Преглед мора да е издаден од Јавна или Приватна Здравствена Установа, од Лекар Специјалист за Спортска Медицина.

На членовите од детскиот тенис,  им препорачуваме да имаат извршено Лекарски Преглед.


Фотокопија од Документот за Лекарски Преглед, да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од МТФ кој го води турнирот.

 

Воедно, заради водење на евиденцијата (регистрација за 2019 година) на натпреварувачите и членовите на детски тенис, кои за прв пат се регистрираат, потребно е да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од МТФ кој го води турнирот, Фотокопија од Изводот на Матичната Книга на Родените, како и една фотографија со димензии 2.5 х 3,5 см.

 

Ви посакуваме успешна Натпреварувачка сезона 2019

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup