Вести
Дејвис Куп 2018  02-04-2018
Македонската Дејвис Куп репрезентација денес отпатува за Пловдив, Бугарија, каде ќе настапува на Дејвис Куп натпреварите од Третата Европска Група.
Од оваа година, овие натпревари се играат на две локации (Црна Гора и Бугарија) каде вкупно учествуваат 16 репрезентации.
Учесниците на настаните беа извлекувани.
Во Бугарија ќе настапуваат следните репрезентации: Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Исланд, Монако, Сан Марино и Македонија.

Оваа година Македонија ќе ја претставуваат:
1. Горазд Србљак
2. Димитар Грабул,
3. Стефан Мицов
4. Ѓорѓи Јанкуловски

5. Чедомир Јовановски-Селектор и Капитен
6. Владимир Томиќ- помошник тренер

Според распоредот на Интернационалната Тениска Федерација, за утре (вторник) е предвиден состанок на капитените кога ќе се извлекуваат репрезентациите по групи.

Со натпревари се започнува од Среда и до петок се играат трите натпревари по групи, а во Сабота се игра финалниот натпревар за пласман во 2 Евро Африканска Зона и натпреварите за разигрување за пласман.

Победникот од натпреварите од Пловдив и победникот од натпреварите од Улцињ ќе се пласираат во група погоре.

Македонската репрезентација во периодот од 26,03, до 01,04,2018 година имаше подготовки на терените на Тенискиот клуб Југ-Скопје.
Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup