Вести
Ново одложување на турнирот Зелен тенис  24-07-2015
 

Драги пријатели,

 

 

Со овој допис сакаме да Ве известиме, дека векје одложениот турнир во Зелен Тенис, во договор со ТК МТП-Скопје, организатор на истиот уште еднаш се ОДЛОЖУВА, поради најавата на временската прогноза за Скопје во деновите на одржување Вторник, Среда, 28 и 29.07.2015, дека истата ќе достигне над 40 Целзиусови степени и УВ индекс од најмалку 9.

 

Согласно веќе објавениот и усвоен Календарот за натпреварување за 2015 година, со ТК МТП-Скопје се договоривме овој турнир да се одржи во периодот 05-07.09.2015 година.

 

За овој турнир благовремено  ќе се достават  други Пропозиции со други термини и детали.

 

Сите кои до сега имаат уплатено, уплатата ќе им важи, а оние играчи кои веќе имаат уплатено а во Септември нема да учествуваат на овој турнир, парите ќе им бидат вратени, од страна и по барање доставено до Тенискиот клуб МТП-Скопје, 02/3064421.

 

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup