Вести
Конкурс за стручни лица кои ќе работат во Спортска Академија 2020/2021  16-03-2021
 

Врз основа на член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебните критериуми за тренер на ученици во спортска академија, Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) распишува

КОНКУРС

за стручни лица кои ќе работат во Спортска Академија

Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), објавува конкурс за стручни лица (Стручен тим) кои ќе работат со селектираните тенисери од 1-ва, 2-ра, 3-та и 4-та година за учебните 2020/2021 во Спортската Академија. Кандидатите конкурираат за место:

1.         Тројца (3) главен тренер

2.         Двајца (2) помошник тренер

3.         Еден (1) Физиотерапевт

 

1. Општи и посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите за тренери на учениците за тенис во Спортската академија во Скопје:

А. ТЕНИСКИ ТРЕНЕРИ

-      да има завршено најмалку више образование во областа на спортот или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација,

-      со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-      да поседува ниво на тренерска едукација кое се докажува со сертификат од Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) или друг тренерски сертификат/лиценца која е верифициран/а од Тренерскиот комитет при Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ).

-      да има најмалку три години работно искуство (во редовен работен однос или по договор за дело во клуб-ови членки на ТФСМ или да е на позиција во стручните комитети во ТФСМ) со врвни јуниори на возраст од 12 до 18 години или професионални играчи над 18 години, кое се докажува со потврдата издадена од клубот со кој има склучено договор за редовен работен однос или по договор за стручно ангажирање. Клубот кој ја издава потврдата мора да е член  на Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ);

-      да поседува лиценца за тренер за 2021 година од Тениска Федерација на Северна Македонија;

-      да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини

-      да има постигнати резултати во неговата професионална кариера, односно освоено првенство, куп или настап во евро куповите.

Б. ФИЗИОТЕРПЕВТ

-      да има завршено најмалку вишо образование за физиотерапевт и

-      со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

2. Потребни документи за кандидатите кои ќе конкурираат:

      биографија/ЦВ

      приложен соодветен сертификат за тениско образование или потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија  за ниво на едукација доколку сертификатот е во фаза на изготвување

      потврди за работно искуство од матичен клуб и потврда за работно искуство од Тениска Федерација на Северна Македонија

      потврда дека е лиценциран со уплатница за платена лиценца за 2019 година

      програма за работа за лицата кои конкурираат за позиции главен тренер

      диплома за остварен пласман како потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија за постигнати резултати

 

3. Начин на избор:

      Изборот на членовите од стручниот тим ќе го врши комисија оформена од Управниот Одбор на ТФСМ

      Одлуката за тоа кои кандидати се примени ќе биде објавена на веб страната на ТФСМ

 

Кандидатите се должни да ги достават потребните документи, најдоцна до Вторник, 16.03.2021 година до 12 часот, како би можела комисијата да постапи по доставените документи. Документите скенирани (еден фајл) се доставуваат на е-маил адресата: mtf@unet.com.mk , во рамките на рокот.

 

За сите останати информации Ве молиме да ја контактирате ТФСМ: Е-маил: mtf@unet.com.mk

 

Тениска Федерација на Северна Македонија

 

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup