Вести
Дејвис Куп репрезентацијата денес патува за Сан Марино  20-05-2013
 
(од лево кон десно) Дејан Маринковиќ-селектор, Давид Мицевски, Стефан Мицов, Шендрит Деари и Предраг Русевски.


Македонската Дејвис Куп репрезентација денес заминува за Сан Марино каде ке настапува на Дејвис Куп натпреварите од Третата Европска Група. Натпреварите се играат од Среда до Недела.
Македонската репрезентација ја претставуваат:
Шендрит Деари (1471 АТП)
Стефан Мицов (1903 АТП)
Предраг Русевски
Давид Мицевски
Селектор и капитен на екипата: Дејан Маринковиќ
Македонија е поставена за 4 носител, со тоа е во Д групата од Round-robin (секој со секого) системот. Противниците во групата ке се извлекуваат во вторник кога ке се организира и официјалното извлекување по групи.
Останати носители во групите се
ГРУПА  А    ГРЦИЈА (78)
ГРУПА  Б    НОРВЕШКА (82)
ГРУПА  Ц    ГРУЗИЈА (85)
ГРУПА  Д    МАКЕДОНИЈА (87)

По разигрувањето во групи, репрезентациите кои се со најдобар резултат во групата (прво пласираните) играат:
Победниците од групите А и Б против победниците од групите Ц и Д. Според официјалните пропозиции извлекувањето за полуфиналните натпревари ке биде во Сабота, 25 мај.

На македонската репрезентација и посакуваме успех и пласман во 2 група.

Комплетните номинации од репрезентациите можете да ги симнете тука.
Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup