Вести
Тениски камп 12 и 14 години  12-05-2021
Почитувани тенисери, клубови, тренери и родители,

 

Се надеваме дека сте добро. Во програмата на Јуниорскиот комитет, Државниот селектор и Тениската Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) е организација на континуиран тренажен процес за тенисери под 14 години (категории 12 и 14 години).

 

Во периодот 19-22 Мај 2021 година е планирана организација на тренинг камп за тенисери под 14 години кој ќе биде во организација на ТФСМ, Tennis Europe и ITF. На кампот ќе се бидат опфатени тениски тренинзи, кондициони тренинзи и одигрување на мечеви. Клубот каде ќе бидат организирани тренинзите ќе биде накнадно објавен.

 

За сите учесници ќе биде обезбеден заеднички ручек, а за оние кои доаѓаат надвор од Скопје а немаат каде да се сместат и хотелско сместување од 19 до 22 Мај 2021.

 

Овој камп е воедно и изборен камп за натамошните репрезентативни настапи на ТФСМ.

 

На кампот се поканети следните тенисери:

 

Категорија до 12 години

 

 

Момчиња

клуб

 

Девојчиња

клуб

1

Александар Грујиќ

Нет

1

Сара Митевска

МТП

2

Марко Алексовски

Југ

2

Љубица Андоновска

Нет

3

Горјан Вукичевиќ

Југ

3

Миа Спировска

Југ

 

Категорија до 14 години

 

 

Момчиња

клуб

 

Девојчиња

клуб

1

Амар Хусеиновиќ

МТП

1

Ана Стојановска

Охрид

2

Александар Трифуновски

Југ

2

Катја Ивановска

МТП

3

Петар Пирганоски

Прилеп

3

Ана Митевска

Југ

4

Избор - после државното првенство до 14 години

 

4

Избор - после државното првенство до 14 години

 

 

Одговорни на кампот:

Предраг Русевски – Јуниорски капитен

Владимир Томиќ – Јуниорски заменик

 

Ве молиме да го потврдите вашето присуство најкасно до 14.05.2021 година на следната e-mail адреса mtf@unet.com.mk.

 

Со почит,

 

Јуниорски комитет, и Државен селектор

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup