|
Вести |
ОПМ Ветерани, детски тенис и ОПМ 12-одложен |
12-05-2017 |
|
Денес со почеток во 11 часот беше предвидено да се изврши извлекување за Отвореното Првенство Меморијал Јованчо Димовски -Начко, за јуниори и јуниорки до 12 години, кое требаше да се одржи на терените на Тенискиот клуб Битола-Битола во периодот 13-15.05.2017.
Поради мал број на пријавени учесници (9 јуниори: 4 од Југ, 1 Битола, 1 ИТЦМ, 1 Прилеп и 1МТП и 5 јуниорки; 4 југ и 1 Битола) турнирот е одложен.
Периодот во кој ќе биде презакажан турнирот дополнително ќе биде објавен. Со почеток во 12 часот ќе биде извршено извлекувањето за Отвореното Првенство за Ветерани на Македонија во категориите 50- и 50+ години, кое ќе се одржи на терените на Тенискиот клуб Љуботен, Тетово, во периодот од 13-15.05.2017 година
Во периодот од 13-15.05.2017 година на терените на Тенискиот клуб Борец-Велес ќе се одржи турнир од проектот ДЕТСКИ ТЕНИС ЦРВЕН И ПОРТОКАЛОВ ТЕНИС . До сега на адреса на македонската тениска федерација пристигнати следните пријави: 1. црвен тенис 2. портокалов тенис момчиња 3. портокалов тенис девојчиња
За овој турнир е дозволено да се појават дополнителни учесници на лице место на турнирот, но со претходна пријава од матичниот клуб
|
Назад |
|
|
|
|
|