|
Вести |
Симева запрена во 1/4 финале на ИТФ Тенниспарк Опен 2018 |
10-05-2018 |
|
На терените на тенискиот клуб Тенниспарк Скопје-Скопје во периодот од 05.05. до 13.05.2018 година се одигрува ИТФ јуниорскиот турнир ТЕННИСПАРК ОПЕН 2018 година за јуниори и јуниорки до 18 години. Турнирот е од 5 категорија и се игра на костур 32 квалификации и 32 главен турнир со 16 во двојки.
Денес на распоред се 1/4 финалните натпревари во поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки.
Македонската Јуниорка Александра Симева (13 години) денес загуби во 1/4 финале поединечна конкуренција од седмата носителка Ема Хорват со резултат 6-7(9), 1-6.
Денес Симева заедно со Елена Јанкуловска поеди ја во 1/4 финале двојки против Anna Sofia HASETH (NOR) / Daria SHALAMANOVA со резултат 6-3, 7-5.
Во 1/4 финалните натпревари во двојки победија и Ана Ристевска со Викторија Веселинова кои играа против вторите носителки на турнирот Koral KOLDOBSKI (ISR) / Lorin TILIPMAN (ISR) [2] со резултат 6-2, 6-3. Кај јуниорите денес во 1/4 финалето во конкуренција на двојки настапуваа уште и Лука Љубен Андонов со Христо Плашевски кои ги победи ја третите носители на турнирот Nikola KIJAC (SRB) / Mihailo RADOSAVLJEVIC (SRB) со резултат 4-6, 6-1, 10-5, а во 1/4 финале загуби ја Андреј Андреевски со Прохор Чамуровски од Adam JURAJDA (CZE) / Piotr KUSIEWICZ (POL) со резултат 1-6, 6-3, 7-10.
Комплетни резултати кои се постигнаа на денешните натпревари:
|
Назад |
|
|
|
|
|