Натпреварувачката 2022 година започнува на 18.12.2021 година, со Зимското Отворено Првенство за Јуниори и Јуниорки до 14 години во организација на ТК Мондано-Скопје.
За таа цел, Ве молиме да ги известите сите ваши натпреварувачи ( до 12, 14, 16, 18 години и Ветерани), пред првиот настап на Првенствата во својата Категорија и Конкуренција, а заради продолжување на регистрацијата за 2022 година или за прва регистрација за 2022 година, го уплатат износот од 800,оо денари за натпреварувачите, односно за членовите на детски тенис (црвен, портокалов и зелен тенис) по 300,оо денари. Истиот износ задолжително да се уплати вирмански на сметката на Тениска Федерација на Северна Македонија 300 000 000 981 676 , депонент Комерцијална Банка а.д. Скопје.
Воедно сакаме да Ве потсетиме дека, сите ваши натпреварувачи, кои ќе настапуваат на првенствата, задолжително да имаат извршено Лекарски Преглед, кој треба да не е постар од 6 месеци. Лекарскиот Преглед мора да е издаден од Јавна или Приватна Здравствена Установа, од Лекар Специјалист за Спортска Медицина. На членовите од детскиот тенис, им препорачуваме да имаат извршено Лекарски Преглед.
Фотокопија од Документот за Лекарски Преглед, да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од ТФСМ кој го води турнирот.
Исто така, заради водење на евиденцијата (регистрација за 2022 година) на натпреварувачите и членовите на детски тенис, кои за прв пат се регистрираат, потребно е да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од ТФСМ кој го води турнирот, Фотокопија од Изводот на Матичната Книга на Родените, како и една фотографија со димензии 2.5 х 3,5 см.
На Вирман уплатницата за плаќање во Банка или уплатница за електронско-онлајн плаќање , во назнаката задолжително да стои Регистрација за 2022 година, за Име и Презиме на Натпреварувачот и за кој Тениски Клуб се регистрира натпреварувачот.
Воедно во Прилог кон ова Ви ги доставуваме и Пропозициите за Зимско Првенство во Тенис до 14 години, во организација на ТК Мондано-Скопје, од 18-20.12.2021 година.
Поздрав,
Натпреварувачко-Судиски Комитет на ТФСМ
|