ПРЕПОРАКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОВИД 19 ЗА ТЕНИСЕРИТЕ
ПРЕД ТРЕНИНГ - Заштита од инфекција
- Пред да влезеш на терен измиј ги рацете со сапун (20-40 сек.) и стави средство за дезинфекција.
- Исчисти ја опремата (рекети и шише за вода). Во ниту една ситуација немој да позајмуваш: рекет, потник, грип, капа и пешкир.
- Донеси доволна количина на вода и избегнувај полнење на вода од чешма.
- Доколку е можно употреби нов грип и нови топки секој тренинг.
- Користи екстра претпазливост како носење ракавици.
- Доколку треба кивнеш: користи чисто марамче за една употреба, истото фрли го во корпа за отпадоци, или користи го лактот да ја покриеш устата и носот.
- Пристигни сам и точно на време на тренингот и напушти го клубот веднаш по завршеток на тренингот.
- Избегнувај допирање на врати, кваки, ограда од терен, клупи и други предмети кои се наоѓаат во клубот или на теренот.
ЗА ВРЕМЕ НА ТРЕНИНГ
- Обиди се да бидеш најмалку 5 метри подалеку од останатите играчи и тренерот. Избегнувај физички контакт како поздравување со рацете, да пукне или слично.
- Немој да играш двојки кои можат да бидат причинители на случаен контакт или непосакувано зближување (шепотења за игра, удар гради во гради и сл.).
- Избегнувај допирање на лицето после допирање на топчињата, рекетот, опремата. Измиј ги рацете пред да ги допираш носот, очите или устата.
- Избегнувај позајмување на храна, пијалок или пешкир.
- Употребувај рекет/стопало за земање на топче и истото додај го до противникот. Избегнувај употреба на раце за собирање топчиња.
- Остани на твојата страна од теренот и избегнувај промена на страни.
- Биди подалеку од другите играчи за време на паузата.
- Доколку топка од друг терен дојде до тебе, врати ја назад со шутирање или со рекет, избегнувај допирање со раце.
ПОСЛЕ ТРЕНИНГ
- Најбрзо што можеш напушти го теренот и клубот.
- Темелно измиј ги рацете и употреби дезинфекционо средство
- Немој да ја користиш соблекувална, туширај се дома.
- Нема дополнително дружење после тренингот.
- Сите тенисери треба да го напуштат клубот веднаш по завршување на тренингот.
УПОТРЕБА НА КОЛИЧИНА НА ТОПЧИЊА
Иако ретко може да се случи, тениските топчиња можат да бидат преносители на Ковид- 19, така што дополнителна претпазливост не е на одмет.
- Употребувај 4 или 6 топчиња нови топчиња.
- Доколку е можно секој играч треба да користи свои со број обележани топчиња, и истите да не бидат на дофат до другиот/те играчи.
Однапред Ви благодарни,
Александар Ивановски
Претседател
|