Вести
Тренерски комитет активности Мај - Јуни 2020  31-05-2020
Тренерскиот Комитет на ТФСМ, со своите активности оваа година започнува покасно од предвиденото поради кризата со Корона вирусот што го зафати целиот свет. Пред се, се надевам дека сите сте во добро здравје што е секако од примарно значење. Се надевам дека оваа криза ќе заврши што побрзо и непречено ќе можеме да ги оствариме планираните активности за оваа година. Приоритет на Тренерскиот Комитет за оваа година e добивање на Бронзено ниво на едукација од страна на ИТФ, со што нашето ниво на едукација (НИВО 1 и 2) од ТФСМ ќе биде интернационално препознаено и прифатено. Но пред да го поднесеме барањето за бронзено ниво ќе треба да направиме усогласување на лиценците (ниво 1 и 2) кое треба да трае по 3-4 дена за секое ниво. Усогласување ќе треба да направат само тренерите кои се едуцирани и лиценцирани пред 2015 година. Со оглед на ситуацијата ќе се обидеме теоретскиот дел за усогласувањето да го направиме online во месец Мај а практичниот дел да остане за Јуни доколку имаме услови за извршување практични предавања во поголеми групи.

Активности за (Mај/Јуни):

1.       Семинар за усогласување на лиценца (ниво 1)-Мај/Јуни

2.       Семинар за усогласување на лиценца (ниво 2)-Мај/Јуни

3.       Play Tennis курс за тренери – Јуни

Со цел сите информации да бидат доставени на време ве повикуваме на состанок и кратка презентација која ќе трае 2 пати по 40 минути на платформата Zoom. Состанокот го закажуваме за Петок, 8 Мај 2020 година во 19 часот.

Како би се приклучиле на Zoom потребно е да се направат следните чекори:

1.       На www.zoom.us треба да се регистрирате и одберете Basic план кој е бесплатен, можете да ја симнете апликацијата на мобилен или на компјутер;

2.       Кога ќе го добиете линкот за влез на состанокот, во даденото време и датум ќе кликнете на линкот каде ќе бидете прифатени;

3.       Линкот ќе го добиeте 1 ден пред состанокот на вашата e-mail адреса.

Се надеваме дека сте подготвени за активностите кои следат.

Доколку се потребни дополнителни информации Ве молиме контактирајте: gsanev@gmail.com, goransev@yahoo.com. На истите email адреси треба да го потврдите присуството на состанокот.

 

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup