Вести
Развоен шампионат до 14 години и Тренинг камп до 12 години, Февруари/Март 2022 во организација на ITF/Tennis Europe  25-01-2022

Во тек е организација на Развојниот шампионат до 14 години и Тренинг кампот до 12 години кои треба да се одржат во Февруари/Март 2022 во Анталија, Турција а се во организација на ITF/Tennis Europe. Подолу се сите информации врзани за овие два проекта:

 

ITF/Tennis Europe Развоен шампионат до 14 години

 

Шампионатот ќе се одржи во периодот од 24 Февруари до 7 Март 2022 година а трошоците за сместување и храна ќе бидат обезбедени од ITF/Tennis Europe. На овој настан поканети се 2 девојчиња и 2 момчиња. Ве молиме најдоцна до 28.01.2022 година, 12 часот да го потврдите учеството на поканетите тенисери:

 

Јуниорки

Јуниори

Исидора Павковиќ – ТК МТП

Сара Митевска – ТК МТП

Ива Кецкарова – Охрид

Љубица Андоновска – ТК Нет

Ирина Пиштолова – ТК Југ

Максимилијан Алексовски – ТК Мондано

Самоил Честовалиев – ТК Југ

Кристијан Јанев – ТК Југ

Стефан Новковски – ТК МТП

Максим Треневски – ТК Југ

 

 

ITF/Tennis Europe Тренинг камп до 12 години

 

Тренинг кампот ќе се одржи во периодот од 24 Февруари до 7 Март 2022 година а трошоците за сместување и храна ќе бидат обезбедени од ITF/Tennis Europe. На овој настан поканети се 1 девојче и 1 момче. Ве молиме најдоцна до 28.01.2022 година, 12 часот да го потврдите учеството на поканетите тенисери:

 

Девојчиња

Момчиња

Сара Митевска – ТК МТП

Лина Николовска – ТК Југ

Анастасија Арсовска – ТК Тумба

Марко Алексовски – ТК Југ

Александар Грујиќ – ТК Нет

Алексеј Стојановски – ТК Тумба

 

НАПОМЕНА:

-          Поканетите тенисери НЕ се наведени по приоритет, за избор на 2 девојчиња и 2 момчиња до 14 години ќе важи одлуката за избор на репрезентативци која е во прилог.

-          За избор на играчите до 12 години 1 девојче и 1 момче ќе важат целокупните резултати постигнати минатата и оваа година (ТФСМ турнири и Tennis Europe турнири).

-          Тенисерите кои ќе бидат избрани ќе мора да патуваат исклучиво со официјалниот тренер на ТФСМ. Присуство на родители, приватни тренери, придружни лица или било каква друга сопствена организација нема да биде дозволена;

-          Во репрезентацијата ќе бидат прифатени исклучиво тенисери кои се здрави односно не страдаат од некоја повреда а имаат континуиран тренажен процес. За таа цел Ве молиме да потврдите исклучиво за тенисерите кои ги исполнуваат овие услови;

-          Ве молиме при потврдување на вашите тенисери да испратите скениран пасош и да го почитувате рокот на пријава 28.01.2022 година.

 

Ја очекуваме вашата потврда.

 

Со почит,

 

Горан Шевченко

Државен селектор

 

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup