Календар
ITF World Tennis Tour M25 Skopje
7 - 12 јуни 2022

Летото во Скопје започнува во знакот на професионалниот тенис!

Од 6ти до 12ти јуни, на терените на тенискиот клуб „Југ“ ќе се одржи ITF World Tennis Tour – професионален M25 тениски турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари кој е од календарот на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). 

Квалификациите за турнирот ќе започнат на 5 јуни и во нив учество ќе земат 64 професионални тенисери од различни земји, главниот турнир започнува на 7 Јуни во кој ќе учествуваат 32 натпреварувачи.
На ITF М25 турнирот во Скопје ќе бидат натпреварувачи од Шпанија, Холандија, Бразил, Шведска, Израел, Германија и многу други земји од светот.

Домашната гордост ќе ја бранат добро познати тениски имиња, како Горазд Србљак, Стефан Мицов, Калин Ивановски, Обрад Марковски.

M25 турнирот ќе биде најава за „тениското лето“ кое му претстои на главниот град, каде во периодот јуни-јули ќе се одиграат три интернационални турнири.

Сите заинтересирани љубители на тенисот може да уживаат во натпреварите кои во текот на неделата ќе се одржуваат од 10 до 18 часот, во сабота полуфиналето поединци и финалето во двојки ќе се играат во период од 10 до 17 часот.
Финалето е закажано за недела 12ти Јуни со почеток во 11 часот.

https://www.itftennis.com/en/tournament/m25-skopje/mkd/2022/m-itf-mkd-03a-2022/ 

live streaming channel 12.06.22: https://youtu.be/YlKPDkzz-F4

12.06.2022:
- Главен турнир Поединeчна конкуренција
- Главен турнир двојки
- Квалификации Поединечна конкуренција
- Распоред на играње





Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup