Вести
КОНКУРС за стручни лица кои ќе работат во Спортска Академија  20-12-2018
 

Врз основа на член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебните критериуми за тренер на ученици во спортска академија, Македонската тениска федерација (МТФ) распишува

КОНКУРС

за стручни лица кои ќе работат во Спортска Академија

Македонската тениска федерација (МТФ), објавува конкурс за стручни лица (Стручен тим) кои ќе работат со селектираните тенисери од 1-ва, 2-ра, 3-та и 4-та година за учебните 2018/2019 во Спортската Академија. Кандидатите конкурираат за место:

1.         Двајца (2) главен тренер

2.         Двајца (2) помошник тренер

3.         Еден (1) Физиотерапевт

 

1. Општи и посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите за тренери на учениците за тенис во Спортската академија во Скопје:

А. ТЕНИСКИ ТРЕНЕРИ

- да има завршено најмалку више образование во областа на спортот или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација,

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-           да поседува ниво на тренерска едукација кое се докажува со сертификат од Македонската тениска федерација или друг тренерски сертификат/лиценца која е верифициран/а од Тренерскиот комитет при Македонската тениска федерација.

-           да има најмалку три години работно искуство (во редовен работен однос или по договор за дело не пократок од 1 година во клуб-ови членки на МТФ или да е на позиција во стручните комитети во МТФ) со врвни јуниори на возраст од 12 до 18 години или професионални играчи над 18 години, кое се докажува со потврдата издадена од клубот со кој има склучено договор за редовен работен однос или по договор за стручно ангажирање. Клубот кој ја издава потврдата мора да е член  на Македонската тениска федерација;

-           да поседува лиценца за тренер од Македонската тениска федерација;

-           да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини

- добро меѓучовечки односи со тениските тренери и тенисерите

-           да има постигнати резултати во неговата професионална кариера, односно освоено првенство, куп или настап во евро куповите.

Б. ФИЗИОТЕРПЕВТ

- да има завршено најмалку вишо образование за физиотерапевт и

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

2. Потребни документи за кандидатите кои ќе конкурираат:

      биографија/ЦВ

      приложен соодветен сертификат за тениско образование или потврда од Македонската тениска федерација за ниво на едукација доколку сертификатот е во фаза на изготвување

      потврди за работно искуство од матичен клуб и потврда за работно искуство од Македонската тениска федерација

      потврда дека е лиценциран со уплатница за платена лиценца за 2017 година

      програма за работа за лицата кои конкурираат за позиции главен тренер

      диплома за остварен пласман како потврда од Македонската тениска федерација за постигнати резултати

 

3. Начин на избор:

        Изборот на членовите од стручниот тим ќе го врши комисија оформена од Управниот Одбор на МТФ

        Одлуката за тоа кои кандидати се примени Ќе биде објавена на веб страната на МТФ

 

Кандидатите се должни да ги достават потребните документи, најдоцна до Среда 19.12.2018 година до 14 часот, како би можела комисијата да постапи по доставените документи. Документите скенирани (еден фајл) се доставуваат на е-маил адресата: mtf@unet.com.mk, во рамките на рокот.

 

За сите останати информации Ве молиме да ја контактирате МТФ: Е-маил: mtf@unet.com.mk

 

Македонска Тениска Федерација

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup