Врз основа на член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебните критериуми за тренер на ученици во спортска академија, Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) распишува:
КОНКУРС
за стручни лица кои ќе работат во Спортска Академија
Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), објавува конкурс за стручни лица (Стручен тим) кои ќе работат со селектираните тенисери од 1-ва, 2-ра, 3-та и 4-та година за учебните 2021/2022 во Спортската Академија. Кандидатите конкурираат за место:
1. Тројца (3) главен тренер
2. Двајца (2) помошник тренер
3. Еден (1) Физиотерапевт
1. Општи и посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите за тренери на учениците за тенис во Спортската академија во Скопје:
А. ТЕНИСКИ ТРЕНЕРИ
- да има завршено најмалку више образование во областа на спортот или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- да поседува ниво на тренерска едукација кое се докажува со сертификат од Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) или друг тренерски сертификат/лиценца кој-а е верифициран/а од Тренерскиот комитет при Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ).
- да има најмалку три години работно искуство (во редовен работен однос или по договор за дело во клуб-ови членки на ТФСМ или да е на позиција во стручните комитети во ТФСМ) со врвни јуниори на возраст од 12 до 18 години или професионални играчи над 18 години, кое се докажува со потврдата издадена од клубот со кој има склучено договор за редовен работен однос или по договор за стручно ангажирање. Клубот кој ја издава потврдата мора да е член на Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ);
- да поседува лиценца за тренер за 2021 година од Тениска Федерација на Северна Македонија;
- да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини
- да има постигнати резултати во неговата професионална кариера, односно освоено првенство, куп или настап во евро куповите.
Б. ФИЗИОТЕРПЕВТ
- да има завршено најмалку вишо образование за физиотерапевт и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
2. Потребни документи за кандидатите кои ќе конкурираат:
• биографија/ЦВ
• приложена диплома за завршено најмалку вишо образование во областа на спортот или сертификат за лиценца добиена од соодветна меѓународна спортска асоцијација
• приложен соодветен сертификат за тениско образование или потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија за ниво на едукација доколку сертификатот е во фаза на изготвување
• потврда дека нема забрана за вршење на професија, дејност или должност
• потврди за работно искуство од матичен клуб и потврда за работно искуство од Тениска Федерација на Северна Македонија
• потврда дека е лиценциран со уплатница за платена лиценца за 2021 и 2022 година
• програма за работа за лицата кои конкурираат за позиции главен тренер
• диплома за остварен пласман како потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија за постигнати резултати
3. Начин на избор:
• Изборот на членовите од стручниот тим ќе го врши комисија оформена од Управниот Одбор на ТФСМ
• Одлуката за тоа кои кандидати се примени ќе биде објавена на веб страната на ТФСМ
Кандидатите се должни да ги достават потребните документи, најдоцна до Понеделник, 31.01.2022 година до 12 часот, како би можела комисијата да постапи по доставените документи. Документите скенирани (еден фајл) се доставуваат на е-маил адресата: mtf@unet.com.mk , во рамките на рокот.
За сите останати информации Ве молиме да ја контактирате ТФСМ: Е-маил: mtf@unet.com.mk
Тениска Федерација на Северна Македонија
Конкурсот е објавен во дневниот весник Нова Македонија на 26.01.2022 година, линк.
Согласно Одлуката донесена од Комисијата за избор на стручни лица при ТФСМ избрани се следните кандидати кои ќе работат со селектираните ученици - паралелка тенис во учебната 2021/2022 година во Спортската Академија:
За позиција ГЛАВЕН ТРЕНЕР (тројца): 1. Слободан Бачварски 2. Горан Шевченко 3. Шендрит Деари
За позиција ПОМОШНИК ТРЕНЕР (двајца): 1. Томе Гигов 2. Илија Мартиновски
За позиција ФИЗИОТЕРАПЕВТ (еден): 1. Драгана Тодорова.
Записник од Комисијата за избор на стручни лица при ТФСМ стр.1 2 3
|