Ве известуваме дека ДСУ Спортска академија- Скопје по седми пат ќе врши селекција за упис на ученици во учебната 2018/2019 година во I година- паралелки за тенис. Во контекст на тоа ве информираме дека на селекцијата ќе може да учествуваат и ученици за запишување во II, III и IV година.
Со цел подобро информирање и запознавање на училишниот и тренажниот процес во ДСУ Спортска академија, стручниот тим ќе ги спроведе следниве активности:
- состанок со родители и ученици;
- запознавање со наставната програма;
- пробни тренинзи со учениците од ДСУ Спортска академија водени од стручниот тим на училиштето.
За подетални информации обратете се кај следниве лица:
Глигор Санев -тел. 075/351-118 , e-mail: gsanev@gmail.com
Драган Мицевски - тел. 071/606-398
|